„Златна малина“ за Трамп, американскиот претседател e најлош глумец

Американскиот претседател Доналд Трамп ја доби наградата „Златна малина“ за најлош актер за улогите во два документарни филма „Смрт на нацијата“ на режисерот Динеш Д’Соуза и „Фаренхајт 11/9“ на Мајкл Мур. Четири „Златни малини“ доби комадијата за Шерлок Холмс во која глумат Вил Фарел и Џон Рајли. Филмот ги доби наградите во категорија за најлош филм за минатата година и најлош римејк.

Глумицата Мелиса Мекарти ја доби „Златната малина“ за најлоша главна женска улога во комедијата „Среќни убиства“. Советничката во Белата куќа, Келијан Конвеј е прогласена за најлоша глумица во споредна улога за појавувањето во документарецот „Фаренхајт 11/9“.

„Златната малина“ почна да се доделува 1980 година. Секогаш се доделува неколку дена пред „Оскарите“, а ги наградува најлошите филмски остварувања во изминатата година. Глумците никогаш не доаѓаат на доделувањето на наградите. Единствена што се појави беше Хали Бери, која со себе го носеше и својот Оскар.

Текстот „Златна малина“ за Трамп, американскиот претседател e најлош глумец е превземен од Reporter.mk.