Наградата која ја доделува Холивудската асоцијација на странски новинари, статуетката Златен глобус што Мерилин Монро ја доби во 1961 година се продаде за рекордни 250.000 долари во Калифорнија.
Со продажбата оваа статуетка влезе во историјата како најскапо продаден Златен глобус на аукција.
Возилото на Монро, „Форд тандербирд“ со две седишта од 1956 година, кое го возела на нејзината трета свадба со Артур Милер, се продаде за 490.000 долари.
„Овој автомобил не е само дел од автомобилската историја, туку носи со себе и аура на гламур, романса и трагедија на една вистинска легенда на Холивуд“, изјави Дарен Џулиен, претседател на аукциската куќа „Џулиенс“.
Текстот Златниот Глобус на Мерлин Монро продаден за рекордни 250.000 долари е превземен од Reporter.mk.