Неодамна се навршија 28 години од смртта на легендарниот пејач Тома Здравковиќ, а неговата сопруга Гордана се присетува како изгледал нејзиниот живот со пејачот. Таа за српски „Блиц“ раскажа дека по неговата смрт се вратила во Канада каде што живее и неговиот син Александар.
„Ние се запознавме во Торонто сосема случајно. Тома пееше во некоја кафеана каде започна сè, а потоа се венчавме и живеевме заедно до неговата смрт“, вели Гордана и додава: „Кога доаѓам во Србија секогаш мислам дека ќе го сретнам него, додека не дојдам на неговиот гроб и да сфатам дека навистина повеќе го нема.“
Таа вели дека не му замерува бидејќи лесно се заљубувал.
„Знаев за сите негови неверства. Тој лесно се впушташе во авантура. Мене тоа не ми пречеше бидејќи тој инспирацијата ја пронаоѓаше сретнувајќи многу жени. Воопшто не се сомневам дека се заљубувал повеќе пати, бидејќи беше таков по природа“, раскажува таа за српски „Блиц“.
Текстот „Знаев дека ме изневарува, ама и денес доаѓам на неговиот гроб“, раскажа сопругата на Тома Здравковиќ е превземен од Reporter.mk.