Во извештајот објавен минатата недела од страна на меѓународната невладина организација за развој „Оксфам“, 162 милијардери, вклучувајќи ги и основачот на „Фејсбук“, Марк Цукенберг и најбогатиот човек на светот и основач на компанијата „Амазон“, Џеф Безос, имаат акумулирано богатство колку половината од најсиромашните во светот.
Според овој извештај, во светот во 2019 година регистрирани се 2.153 милијардери и тие тежат повеќе од 4,5 милијарди луѓе. При правењето на овој извештај, кристени се податоци од Credit Suisse Global Wealth Report и рангирањето и листите на милијардерите кои ги правел светскиот економски магазин „Форбс“.
При правењето на овој извештај, користена е прецизна аналогија, и е даден одреден контекст на приказната. Ако целото богатство сразмерно се распредели по банкноти од по 100 долари, повеќето луѓе ќе живеат како средната класа во некоја денешна богата земја.
Овој извештај е објавен во пресрет на Светскиот економски форум во Давос. Креаторите на политиките од висок профил, деловни лидери и богаташи, дојдоа со своите приватни скапи џет-авиони во швајцарскиот скијачки град, за да разговараат за тоа како да се подобри состојбата во светот.
Во извештајот е потенцирано дека богатите полесно можат да ги акумулираат парите, затоа што можат да си ги дозволат најдобрите совети за инвестиции. Според извештајот на „Оксфам“ богатството на милијардерите е зголемено во просек за 7,4% годишно од 2009 година па досега.
Минатата година се покажа како добра година за ултрабогатите. Според анализата на „Блумберг“, петстотината најбогати луѓе во светот успеале во текот на 2019 година, на своето конто да додадат дополнителни 1,2 милијарди долари.
За некои, можноста на индивидуализмот да акумулира толкаво ниво на богатство, поголемо и од цел бруто домашен производ на некои од земјите, е знак дека го живеат американскиот сон.
Америка ги има најголемиот број на милијардери (705 вкупно) и минатата година беше единствената земја која гледала интерес во зголемувањето на популацијата на истите.
Но, за другите, тоа е знак дека нешто не е во ред. Економистот Стефани Келтон минатата година напишал на „Твитер“: „Никој не прави милијарди долари. Сите земаат милијарди долари“.
Александрија Оцасио Кортез минатиот јули изјавила: „Системот кој им дозволува на милијардерите да постојат, кога во истиот момент постојат делови во Алабама каде луѓето добиваат заразни инфекции, само затоа што не добиваат јавна здравствена нега, е погрешно“.
„Екстремното богатство е знак на неуспешен економски систем“, се вели во извештајот, во кој се пресметува дека околу една третина од богатството на милијардерите им е наследено. На пример, богатството на претседателот Доналд Трамп, е создадено и наследено благодарение на неговиот татко.
Јазот меѓу најбогатите и најсиромашните останува висок. Истражувањето на францускиот економист Томас Пикети, покажува дека бенефитот од глобалниот раст не е подеднакво поделен.
Од 1989 година до 2016 година, најсиромашните 50% од луѓето примиле 12 центи од секој долар, на глобален раст на приходот, додека најбогатите 1%, добиле двојно повеќе од тоа, односно 27 центи на секој долар.
Проценките за богатството на најсиромашните се ревидирани годинава и според Светската банка, стапката со која се намалува глобалната сиромаштија е опадната за половина од 2013 година.
Додека огромнен број на луѓе се извлечени од екстремната сиромаштија во последните неколку децении, 735 милиони луѓе се уште живеат во екстремна сиромаштија, што значи дека преживуваат со 1,90 долари или помалку на ден. Речиси половина од светот (3,4 милијарди луѓе) живеат со помалку од 5,50 долари на ден.
Минатата година имаше огромни протести против нееднаквоста во земјите ширум светот, од Чиле, преку Либан па се до Еквадор.
„Глобалната нееднаквост е на кризно ниво“, изјавила Ребека Гоуленд, шеф во „Оксфам“, за „Хафингтон пост“.
Жените работат илјадници часови неплатена и тешка работа
Извештајот под името „Време е за грижа“, ги става во центарот на внимание оние кои се грижат за младите, болните и старите лица. Огромен дел од нив се жени и девојчиња кои работат по долги часови за мали или речиси без пари.
Според извештајот на „Оксфам“, жените глобално поминуваат 12,5 милијарди часови на ден, без плата. Тие работат за безпари грижејќи се за другите. Според овој извештај ваквите бројки би можеле да им вбризгаат на економијата дополнителни 10.8 милијарди долари секоја година.
„Ваквата работа е потценета и социјално и економски“, е наведено во извештајот. Таму се вели дека темелите на општеството се наместени така што системот создава огромно економско богатство, кое се собира од сите, а потоа истото го акумулира за мал број на луѓе.
Гоуланд го дала примерот со жената во Зимбабве, која мора да пешачи четири часа во денот, за да им донесе вода на членовите на нејзиното семејство.
„Последиците од сето тоа се навистина очигледни“, вели таа. „Девојчињата не одат во школо за да ја извршуваат оваа неплатена работа. Жените не можат да имаат пристапат до фер, пристојни работни места и плати, а факт е дека тие едноставно немаат време да придонесат за општествата, без разлика на политичкиот дискурс или ангажман и начинот на кој се развиваат нивните општества“, вели Гоуленд.
Ваквата криза не влијае само кај земјите во развој. На пример, американскиот систем за нега на деца ја чини земјата стотици милијарди долари годишно, во загубени плати и изгубени можности. Ова е навдено во извештајот објавен во средата од Институтот за економска политика (ЕПИ).
Според наводите на извештајот, давателите на детска грижа во Америка се презаситени и преплатени, со просечна плата од 12 долари на час. Во меѓувреме, родителите, најчесто жени, се принудени да се откажат од работата или да одбијат работни места со подобра плата, заради трошоците за грижа за децата.
Во иднина ќе се зголеми и товарат и работата на старателите. Меѓународната организација на труд проценува дека до 2050 година ќе се зголеми и бројот на постари лица за 100 милиони, кои ќе имаат потреба од грижа и нега.
Потоа следуваат ефектите од климатската криза, кои ќе предизвикуваат огромен број на здравствени проблеми, принудувајќи ги луѓето да ги напуштат своите домови, истовремено оставајќи ги без вода и храна.
„Овие фактори дополнително се закануваат дека ќе ги влошат родовите и економските нееднаквости и ќе ја потикнат спиралата на криза за грижа и старателство“, е наведено во извештајот.
Во исто време, повеќето земји немаат план и претстава како би се справиле со оваа ситуација, се вели во извештајот. Наместо тоа, се намалуваат јавните трошоци, сè повеќе се приватизира здравството и образованието, а истовремено се зголемуваат и даноците за сиромашните.
„Ако светските лидери кои се состанаа во Давос, се сериозни по прашањето за намалување на сиромаштијата и нееднаквоста, треба итно да инвестираат во грижата и другите јавни услуги, за да го олеснат животот на оние со повеќе одговорности и грижи и да се справат со дискриминацијата, поддржувајќи ги жените и девојчињата“, вели главниот и извршен директор на „Оксфам“ во Велика Британија, Дани Срискандарајах.
Ги знаеме решенијата. Само нема волја за да се имплементираат
Во извештајот се бара промена на политиките, како што се бесплатните и универзални јавни услуги, како образованието, грижата за децата и здравствена заштита и политиките за ограничување на влијанието на компаниите и супербогатите.
„Оксфам“ сугерира прогресивен даночен систем, кој ќе ги затвори дупките што им овозможуваат на компаниите и богатите лица да избегнуваат данок. На пример, „Амазон“ во 2018 година, платила нула долари данок на добивка на компанијата и покрај тоа што остварила профит од 11 милијарди долари.
„Целата економија и голем број коорпорации во рамките на истата, постојат единствено во корист на најбогатите чинители“, изјавил Маршал Стајнбаум, асистен и професор по економија на Универзитетот во Јута, за „Хафингтонпост“.
„Кога претходно сме имале компании чии работници биле колективно застапени и општество во кое бизнисмените и најбогатите сразмерно се оданочувале, повеќе од помалку богатите“, изјавил тој.
„Сега единствена цел на компаниите е да имаат корист од акционерите, а ние имаме маргинални стапки на данок на доход, кои овозможуваат акумулација на огромно богатство“, објаснил Маршал .
Со зголемувањето на даноците на богатството од 1%, за 0,5%, може да се собере доволно во текот на следната деценија и да се создадат 117 нови милиони работни места во образованието, здравството и грижата за стари лица и на тој начин да се затворат дефицитите за нега, се вели во извештајот.
„Иако ваквите промени во политиката може да се чувствуваат одбивни за земјите како што е САД, полека гледаме дека некои влади решаваат да преземат попрогресивни политики“, вели Гоуленд.
На пример, Уругвај во 2017 година спроведе законодавство со кое во законот се предвидува право на грижа за сите деца, постари лица и лицата со посебни потреби, што значи дека државата е должна да обезбеди услуги за нега со добар квалитет.
Нов Зеланд со новиот буџет исто така се обидува да ја реши нееднаквоста меѓу населението. Владите ветија дека ќе дадат приоритет на благосостојбата на граѓаните, над економскиот раст во начинот на трошење на кој се мери нејзиниот успех.
„Застрашувачки е што ова е прв пат да имаме национален буџет што експлицитно се фокусира на благосостојбата“, изјавила Ана Матесон, предавач за здравствена политика на универзитетот „Викторија“ од Велингтон, Нов Зеланд, за „Хофингтон пост“ минатата година.
„На владите во целиот свет им недостасува клучната улога што ја играат во управувањето и во креирањето и одржувањето на колективната благосостојба“, вели Ана.
Шансите за смели политики насочени кон сузбивање на нееднаквоста и кои минуваат под администрацијата на Трамп се неверојатно мали, но добро е што кандидатите за претседател од страна на Демократите го покренуваат ова прашање. Сенаторот Елизабет Ворен од Масачусетс предизвика паника кај милијардерите кои заработуваат 50 милиони долари, да плаќаат по 2% данок.
Дури и Меѓународниот монетарен фонд, кој традиционално ги поддржувал пониските даноци, повикал да се соберат даноците од богатите, со цел да се реши нееднаквоста.
„Сè уште работите не се менуваат, но тоа е прашање на политичка волја“, зборува Гоуленд за нееднаквоста. Сега, повеќе од кога било претходно, треба да продолжиме да ја раскажуваме оваа приказна. Не можеме да дозволиме да продолжи оваа поделба“, вели тој.
Текстот 162 милијардери се еднакво богати како поволина од човештвтото е превземен од Reporter.mk.