Агенти од MI6, ЦИА и израелски Мосад со заеднички сили успеале да прошверцуваат тајни руски податоци во кесички за чај и тоа за време на лет на суперсоничен бомбардер „блекџек“ на пат за Венецуела.
Британските медиуми ја опишуваат приказната за која многумина коментираат дека повеќе наликува на некој шпионски роман отколку на вистинска известувачка операција.
Британските и американските шпиони сакале да добијат информација за најновата верзија на рускиот стратешки бомбардер „Тупољев“ Тu-60. Тие стравувале дека овој авион би можел да стане неосвоива цел за нивните пресретнувачки авиони, во случај на потенцијален конфликт.
Кога дошле до посакуваните информации, агентите на MI6 наводно ги сокриле податоците во пакетчиња со руски чај. Кесичките од чај некако успеале да завршат во еден од двата Tu-160 авиони, кои Русија ги испратила во Каракас минатиот декември на вежби со венецуелските воздухопловни сили.
Рускиот екипаж наводно го користел тој чај за време на летот за Венецуела, а потоа кесичката била фрлена. Еден анонимен службеник тврди дека момче ја зело фрлената кесичка, додека авионот полнел гориво на аеродром во близина на Каракас и ја предал на агент на ЦИА кој престојувал во блискиот хотел.
Иако немало официјални потврди за оваа операција од ниту една известувачка агенција, британскиот „Дејли мејл“ тврди дека западните воздухопловни сили користеле информации за да ги прилагодат своите пресретнувачи за подобро се носат со подобрите перформанси на руските авиони.
Текстот Агенти на ЦИА и МИ6 шверцувале тајни за руски авиони во кесички за чај е превземен од Reporter.mk.