Приватните дневници на Алберт Ајнштајн од турнејата што ја имал во Азија во 20-тите години од минатиот век предизвикале огромно внимание откривајќи ја мрачната страна на славниот научник.
Дневниците откриваат дека Ајнштајн имал расистички предрасуди кон луѓето со кои се среќавал на своите патувања, особено Кинезите.
Пишаните дневници во периодот од октомври 1922 година до март 1923 година ги откриваат мислите на научникот за патувањата, науката, филозофијата и уметноста. Но, не прикажуваат убаво мислење за припадниците на кинескиот народ.
Ајнштајн, кој инаку во дел во кој го опишал расизмот како болест на белите луѓе, за Кинезите напишал:
„Тие се валкани. Тие дури не ни седат додека јадат, туку молчат како да вршат нужда. Дури и децата им изгледаат мутаво“, пишува во дневниците.
„Би било штета Кинезите да ги заменат другите раси“, напишал славниот физичар.
Зеев Розенкранц, уредник и помошник-директор на калифорнискиот Институт за технологија, кажал дека бил непријатно изненаден од ваквите записи.
„Ова е во спротивност со јавниот имиџ на Ајнштајн како голема хуманитарна икона. Мислам дека тој никогаш вакво нешто јавно не би изјавил. Мислам дека немал намера ова некогаш биде објавено“, изјавил Розенкранц.
Розенкранц ја превел и одработил уредничката работа на „Патничките дневници на Алберт Ајнштајн“, објавено во издание на Универзитетот „Принстон“.