Ал Гор погреши пред десет години кога велеше дека ќе се стопи Северниот пол

Ал Гор излажа во 2008 година кога пред светската јавност изјави дека ќе се стопи ледената капа на Северниот пол во рок од пет години. Ваквата негова изјава вознемири голем број луѓе ширум светот, а тој за оваа состојба говореше години претходно и само Гор имаше доволно кредибилтет да убеди голем број луѓе во ваквата негова теорија.

Многу заговорници сметаат дека лудилото за климатските промени е политички мотивирано. Заговорниците сметаат дека ваквите личности како Гор се поставени од мултимилијардери кои можат да платат и да си дозволат да го креираат политичата состојба и да им го соопштат на јавноста тоа што тие сакаат да го слушнат.

Многу предвидувања кои што ги објавија Гор и неговите пријатели користејќи слични модели, не ја доведуваат Земјата во никаква опасност. Дури и најдобрите компјутерски модели можат да погрешат во проценките за климатските промени во иднина.

Заговорниците сметаат дека таквите луѓе како Гор успеаа во минатото да ја убедат јавноста за опасноста од јаглеродот диоксид. CO2 е важен за целиот живот на нашата планета. Од растот на билките и пошумувањето, па се до прехрамбениот синџир на исхрана. Без него, животот каков што го познаваме нема да постои.

Речиси е импресивно како толку многу луѓе беа убедени дека јаглерод диоксидот, нешто што е природно за развој на животот, може да претставува голема закана.

Она на што работите се сведуваат е фактот дека глобалното затоплување повеќе беше политички концепт, отколку научен, а науката едноставно се користи за да послужи како извор за автентичноста.

Интересно е дека дури и климатологот доктор Виеслав Масловски, чиј труд бил основа за овие предвидувања, го оспори тврдењето на Гор во 2009 година.

„Не ми е јасно од каде оваа смешна личност дојде. Никогаш не би се обидел да ја проценам веројатноста за нешто така точно и прецизно, како што тој предвидува“, изјавил Виеслав.

Дури и со сите технологии кои денес ни стојат на располагање, метеоролозите сеуште не можат да дадат точен конечен одговор за тоа дали ќе врне или нема да врне за неколку дена. Оттука треба да се размисли за тоа дали овие проекции за глобалното затоплување и апокалипсата во наредните години и децении се издржани.

Има и такви кои ги поддржуваат тврдењата на Гор велејќи дека од 2013 година, поларната капа била на највисоко ниво од 2006 година. Сателитските снимки на НАСА и фотографиите направени во август во 2014 година, покажуваат зголемување на големината на поларниот леден слој од 60%, достигнувајќи големина поголема од половината на големината на Европа, што е далеку од тоа да целосно се има истопено.

Сепак некои заговорници сметаат дека ако планетата е загрозена од глобалното затоплување, би требало да се случи спротивното од топењето на ледот. Ал Гор повторил некои варијации од неговите предвидувања за времето во насловните страни на мејнстрим медиумите.

Во јануари 2006 година, на пример, тој изјавил дека во идните десет години, светот ќе дојде до точка од каде ќе нема враќање назад, нагласувајќи го неговото убедување дека глобалното затоплување може да предизвика вистински планетарен проблем.

Текстот Ал Гор погреши пред десет години кога велеше дека ќе се стопи Северниот пол е превземен од Reporter.mk.