Емитувањето на мини серијата на HBO „Чернобил“, поттикна низа на нови прашања за безбедноста на светскиот нуклеарен арсенал. Безбедноста на овие нуклеарни реактори чија намена е создавање на енергија, стана важно прашање, но важно е и дека таквите електрани не се единствените локации на кои се наоѓа нуклеарна енергија.
Американското министерство за одбрана има залиха на околу 4000 боеви лави. Незгодите со ова оружје за масовно уништување се опишуваат како инциденти Broken Arrow (Скршена стрела). САД службено регистрирал 32 вакви инциденти, кои се случиле за време на транспортирање на ова оружје, од една на друга локација.
Ниту еден од нив не предизвикал толкава несреќа, посебно не од размерите на Чернобил. Две боеви глави се фрлени во Северна Каролина, во 1961 година, кои оставиле свој белег низ историјата. Такви записи нема за несреќата во 1980 година, кога експлодирало лансирното возило „Титан II“, носејќи термонуклеарен реактор.
Несреќата се случила во близина на Дамаск во Арканзас, пишува Popular Mechanics. Овој инцидент како и оној од 1961 година, како Чернобил, се документирани во филмот Command and Control, во режија на Роберт Кенер.
Филмот е заснован на книгата на Ерик Шлосер. Овој филм на најдобар начин покажува како приказната за лагите и проблемите во ракувањето со нуклеарно оруже, не го одбележала само несреќата во Советскиот сојуз.
На 18. октомври во 1980 година, настанале проблеми за време на рутинското одржување на „Титан II“. Propellant Transfer System (PTS) тимот работел на возилото под надзор на американските воздушни сили. Употребата на погрешен алат, дошло до бушење на резервоарот за гориво. Обидите да го стабилизираат системот не успеале.
Подоцна во текот на вечерта дошло до силна експлозија во која загинале две лица. Еден од нив Дејвид Ливингстон, починал 12 часа подоцна. Боевата глава била пронајдена подоцна на едно од блиските полиња. Низа разлики постојат меѓу Дамаск и Чернобил. Постоела команда на одговорност и разни протоколи.
Можеби сите тие протоколи не можеле да ја спречат експлозијата, но ја држеле боевата глава под контрола. Токму филмот Command and Control, може да се види јасно дека САД со научниците во Чернобил дели нешто многу повеќе од што би можеле самите да признаат. Особено на подрачјето на културата на лажење.
Во филмот видливи се обидите на САД да ја сокријат вистината за тоа што навистина се случило во Дамаск, но и во останатите несреќи. Што се однесува до носењето на финалната одлука во Дамаск, документарецот прикажува како стратегијата на команда носи одлуки со многу малку разбирање за тоа што се случува на земјата.
Токму носењето на таквите одлуки донеле до смрт на Дејвид Ливингстон.
Текстот Америка била на чекор до свој Чернобил е превземен од Reporter.mk.