Првиот потпретседател на Иран, Есках Џахангири, изјавил денеска дека иранските власти ќе дозволат на приватните компании да извезуваат сурова нафта со цел да им помогнат во надминувањето на проблемите со санкциите кои САД повторно ги воведоа на Техеран. Есках исто така се закани дека еден ден ќе платат сите оние кои ќе се обидат на Иран да му го земат делот од пазарот со нафта.
„Иранската сурова нафта ќе биде понудена на берзи и приватниот сектор ќе може да ја извезува“, изјавил Џахангири.
Неговото обраќање во живо го пренела иранската државна телевизија.
„Ако кој било проба да земе дел од пазарот со нафта на Иран, еден ден ќе плати за тоа“, порачал Џахангири.
Претседателот на САД, Доналд Трамп, објавил на социјалните мрежи дека од саудискиот крал Салман добил известување дека поради немирите во Иран и Венецуела, Саудиска Арабија ќе го зголеми производството на нафта, можеби до два милиони барели, за набрзо потоа официјалната саудиска агенција да објави вест во која тоа не се споменува.
„Штотуку зборував со кралот на Саудиска Арабија, Салман ,и ми објасни дека поради немирите и дисфункционалноста во Иран и Венецуела, тој ќе побара Саудиска Арабија да го зголеми производството на нафта, можеби на 2.000.000 барели, за да ја надомести разликата. Цените се превисоки. Тој се согласи“, твитнал Трамп.
Државната новинска агенција (SPA) објавила вест за телефонските разговори меѓу Салман и Трамп, но без наведување на деталите.
Just spoke to King Salman of Saudi Arabia and explained to him that, because of the turmoil & disfunction in Iran and Venezuela, I am asking that Saudi Arabia increase oil production, maybe up to 2,000,000 barrels, to make up the difference…Prices to high! He has agreed!
— Donald J. Trump (@realDonaldTrump) 30 June 2018
„За време на разговорот, двајцата лидери ја нагласиле потребата за одржување на стабилноста на пазарот на нафта и растот на глобалната економија“, навеле во соопштението кое го објавила SPA.