Со години се верувало дека остатоците од Титаник се откриени во 1985 година, како резултат на напорните на научниците и експертите. Но тоа не е вистина, вели Робет Балард капетанот кој го открил Титаник.
Балард вели дека тој всушност е првиот човек кој случајно во 1982 година го пронашол бродот, кога бил дел од американска експедицијата која била испратена на тајна воена мисија во потрага по две нуклеарни подморници.
Поради тајната мисија, Американците три години ја криела информацијата дека е пронајден дел од Титаник.
„Не сакале светот да знае за мисијата, па им требаше да смислат приказна за јавноста“, изјавил Балард.
Балард бил капетан на американската морнарица и научник на Институт за океанографија. Морнарицата се согласила да ја финансира неговата експедиција за да го бара Титаник, но под услов прво да почне со потрагата за нивните две нукеларни подморници, „Трешер“ и „Скорпион“, кои исчезнале во шеесетите години од минатиот век.
„Знаевме каде се подморниците, а целта на морнарицата било да се спречи Русите да не следат, затоа што сакале да дојдат до нуклеарното оружје, кое се наоѓало на „Скорпион“, но сакале ѝ да проверат како нуклеарните реактори влијаеле на околината“, изјавил Балард за „Си-Ен-Ен“.
Потрагата за Титаник послужила како одлична приказна за прикривање на вистинската цел, но кога го откриле, не смееле да кажат, затоа што на тој начин би се открила потрагата по подморниците.
Балард многу години ја проучувал океанографијата и работел на својата подморница која ја нарекол „Алвин“, а соработувал со Институтот „Вудс хол“. „Арго“ бил опремен со високотехнолошки сонар и камери и имал робот наречен „Џејсон“. Тогаш американската морнарица стапила во контакт со Балард и побарала помош од него во пронаоѓањето на двете подморници.
Двете нуклеарни подморници мистериозно исчезнале во шеесетите години од минатиот век, но американската влада никогаш не открила што точно се случило со нив. Локациите каде последен пат биле забележани, им биле познати на властите, но никој не знаел во каква состојба се нуклеарните реактори по 20 години минати под морето. Го испратиле Балард и неговиот тим да открие. За да ги прикријат трагите, на останатите членови им рекле дека одат на редовна експедиција за да го бараат изгубениот брод Титаник, кој всушност воопшто не бил цел на потрагата. Балард го искористил моментот за да го исполни сонот од детството ѝ побарал да му одобрат да го бара и Титаник. Морнарицата ја прифатила неговата уцена. Му рекле дека може да го бара потонатиот Титаник, само ако приоритет му се двете подморници за кои првично била планирана мисијата. И тоа под услов само ако му остане време и пари за таквиот потфат. Добил средства и тргнал со францускиот истражувачки брод „Ле Суроа“. Балард ја криел својата задача од поголемиот дел од екипажот, уверувајќи ги дека одат во потрага по Титаник.
Самиот тој се спуштил во морските длабочини и ја проверувал состојбата со нуклеарниот реактор и боевите глави. Ги следел трагите на дното на океанот за да дојде до подморниците. Кога завршил со проверката на нуклеарните подморници, му останале уште 12 дена.
Исто како и за двете подморници, Балард верувал дека Титаник бил целосно уништен и дека зад себе оставил траги од отпадоци и скршени делови, кои се одвоиле додека бродот тонел. Тој го искористил искуството од потрагата за подморниците, па истата теорија ја применил и за пронаоѓањето на славниот брод. На почетокот го пронашол котелот на бродот, а потоа и целиот труп.
Балард знаел дека му останало малку време, а се приближувала силна бура. Тој ја обележал точната локација на картата и се вратил по година дена. На никого не му кажал ниту еден збор за своето откритие. Тој стравувал дека некој ќе го открие Титаник и ќе му ги украде артефактите.
На крајот се вратил на 12 јули 1986 година и направил детална студија за Титаник. Приказната за потонатиот брод, подоцна се претвори во филм, кој освои 11 Оскари, но бил изоставен фактот дека бродот всушност бил откриен поради тајните владини операции.
Текстот Американците барајќи две нуклеарни подморници го откриле Титаник е превземен од Reporter.mk.