Американците постојано зборуваат за гладните во Африка, а фрлаат 150.000 тони храна

Американците фрлаат околу 150.000 тони храна дневно, или повеќе од 400 грмаа по личност се вели во истражувањето објавено во весникот Plos One, пренесува ndtv.com. Оваа храна претставува 30% од калориите кои секојдневно го конзумира секој Американец. Овошјето и зеленчукот претставуваат 39% од сите намирници.

Веднаш потоа следуваат млечните производи 17%, месото 14% и житариците 12%. Меѓу најретките продукти кои се фрлаат се чипсот, слатките и безалкохолните пијалоци.

„Овошјето и зеленчукот се фрлаат во поголеми количини од другите намирници. Здравата исхрана е важна и таа е извор на бројни предности, а колку повеќе внимаваме на исхраната, се повеќе сме свесни за фрлањето на храната“, вели Мередит Ниелс, коавторка на истражвуање и асистентка на Универзитетот во Вермонт.

Направеното истражување за фрлањето на храната во Америка, се темели на земени податоци од државните институции и анкетите за фрлање на храната во периодот меѓу 2007 година и 2014 година. Во него се известува за значителното влијание на фрлената храна, врз околината и на земјоделството.

Таквата храна и таквиот отпад им одговара на жетвите. Годишно може да се собере повеќе од 350 милиони килограми пестициди и речиси милијарда килограми ѓубриво, е наведено во истражувањето.

Меѓу можните решенија за проблемите, истражувањето предлага обука на потрошувачите, како подобро да ја подготват и складираат свежата храна, овошје и зеленчук и предлага владата да усвои програма за спречување на фрлањето на храната.

Главниот автор на истражувањето Зак Конрад од канцеларијата за земјоделски истражувања во Северна Дакота, истакнал дека храната се фрла на неколку нивоа.

„Холистичкиот пристап ќе стане се поважен во пронаоѓањето на трајни начини за потребите на растечката светска популација“, вели Конрад.

Извор: ndtv.com

 

 

 

Текстот Американците постојано зборуваат за гладните во Африка, а фрлаат 150.000 тони храна е превземен од Reporter.mk.