Мнозинството Американци сметаат дека мејнстрим-медиумите се најважниот проблем со кој се соочува земјата. Ова го покажува најновата спроведена анкета на „Галуп“.
Според неа, далеку помал процент Американци се загрижени за односите со Русија.
Анкетата укажува на тоа дека приказната за руското мешање во американските избори, кои ја протуркаа мејнстрим-медиумите, сепак не успеала да ја убеди масата луѓе.
Медиумската хистерија поради фантомската врска меѓу Трамп и Русија постоела и пред инаугурацијата на Трамп. Но, Американците како целина, едноставно, повеќе не сакаат да ја прифаќаат таа приказна.
Според новата анкета на „Галуп“, мнозинството Американци сметаат дека мејнстрим-медиумите се најважниот проблем со кој се соочува земјата во споредба со оние што го мислат истото за Русија.
Само еден на 200 луѓе смета дека Русија е најсериозниот проблем со кој се соочуваат Соединетите Држави.
Масовните медиуми речиси непрекинато удираат во рускиот заговор, но гласачите во основа креваат рамена и го вртат својот фокус кон другите проблеми.
Оценките за доверба на Си-ен-ен се на најниско ниво во историјата, а нивните раководители се прашуваат зошто. Сепак, треба да го насочат своето внимание на анкетата на „Галуп“.
Истражувачката група спровела анкета врз широк примерок Американци за тоа што мислат кој е најважниот проблем со кои денес се соочува Америка. На разочарување на Демократската партија и нивниот оддел за односи со јавноста, поточно мејнстрим-медиумите, резултатите изгледаат добри за Донадл Трамп, но страшно лоши кон оние заговорници што сметаат дека Русија е лошиот играч во целата игра.
„Вестерн џурнал“ известува дека до јуни 2018 година повеќето граѓани оцениле дека неекономските проблеми се најважните со кои се соочува нацијата. Некои од тие проблеми се: незадоволството од владата, проблем што е највисоко рангиран, а потоа следува проблемот со имиграцијата, односно илегалните имигранти.
А руската приказна? Таа речиси и да не влегла на листата со проблеми што ги загрижуваат граѓаните. Кај помалку од 0,5 отсто од испитаниците во анкетата на „Галуп“, со име „Ситуацијата со Русија“, таа била нивната главна грижа. Изненадувачки, дури 32 отсто биле загрижени од невработеноста и криминалот и тие биле повисоко на листата за разлика од загриженоста од Русија.
Сега треба да се напомене дека неодамнешниот состанок меѓу Трамп и Путин се одржал кога биле собрани најновите резултати на анкетата на „Галуп“.
Текстот Американците веруваат дека мејнстрим-медиумите се поголем проблем од Русија е превземен од Reporter.mk.