Американката Клејборн признала дека шпионирала за Кинезите

Американката Кандес Клејборн, поранешна вработена во американскиот Стејт департмент, признала дека е виновна по обвинувањето за правење заговор во соработка со кинески агенти. Ова деновиве го соопштиле од Министерството за правда на САД.

Како што наведуваат од американското министерство, Клејборн е обвинета дека ги лажела полициските службеници и дека ги криела контактите од кинеските агенти и подароците кои таа ги добивала од нив. За возврат Клејборн им доставувала на Кинезите, интерни документи од Стејт департментот.

Меѓу подароците кои ги добила се пари во кеш, одмор во странство, школарина за кинеска модна школа, целосно опремен стан и месечна стипенција, се вели во соопштението во кое се истакнува дека некои од тие подароци директно и биле нудени на Клејборн, а други преку нејзини блиски членови од семејството, кои не се именувани.

Во замена за тие подароци, Клејборн, обезбедила копии од интернет документи од Стејт департментот за низа теми, од економски стратегии, до взаемни посети на високо рангирани официјални две земји, се додава во соопштението на Министерството за правда.

Клејборн (63) првично била осудена во 2017 година, во пресрет на самитот на претседателте на САД и Кина, меѓу Доналд Трамп и Шји Џјинпинг. Министерстовото напоменува дека Клејборн, доколку биде осудена и се заканува до пет години затвор.

 

Текстот Американката Клејборн признала дека шпионирала за Кинезите е превземен од Reporter.mk.