Џин Диксон е една од најпознатите астролози во Америка, за која е познато дека го предвидела убиството на Кенеди и крајот на Втората светска војна. Таа за оваа година вели дека ќе избие голема војна која ќе има тешки последици за целокупното светско население.
Диксон има напишано седум бестселери во кои ги изнела нејзините предвидувања. Таа седум години пред смртта на Кенеди, предвидела дека американскиот претседател ќе биде убиен. На 13 мај 1956 година, таа предвидела дека на претседателските избори во 1960 година, ќе победат демократите, нешто што и навистина се случи.
Џон Кенеди таа година го подбеди републиканецот Ричард Никсон. Потоа предвидела дека тој што ќе победи на изборите ќе биде убиен додека ја извршува функцијата, но не била сигурна дали тоа ќе се случи во првиот мандат.
Џин Диксон почнала да се занимава со правење на хороскопо, кои биле објавени ширум Америка. Потоа почнала да ја предвидува иднината со помош на кристална топка. Во Втората светска војна таа му го привлекла вниманието на американскиот претседател Френклин Рузвелт, кој ја поканил во Белата куќа и ја прашал за совет за воени работи.
Според нејзините тврдења, таа му кажала дека војната ќе заврши пред средината на 1945 година, што се покажало како точно. По смртта на Кенеди, американскиот претседател Ричард Никсон станал нејзин голем обожавател и исто така побарал совет од неа.
Диксон тврдела дека сите визии и ги пренесува Господ и затоа ја биело лош глас во верските кругови. Во 1971 година, повторно се состанала со Никсон, кога веќе бил претседател. Му кажала дека има визии за терористички напад во 1972 година, а тоа било непосредно пред да се случи крвавиот масакр на Олимпијадата во Минхен.
Сега е обелоденето нејзиното предвидување дека и оваа година ќе заврши со војна, која веројатно ќе предизвика тешки последици за светското население. Британските медиуми пренесуваат таа оваа година го предвидела крајот на светот, кој ќе заврши со „Армагедон војна“. Војната според предвидувањата ќе ја збрише нашата планета.
Диксон предвидела и огромна бродска катастрофа во 1989 година, кога танкерот „Ексон Валдез“ во водите на Аљаска ќе истури 37.000 тони нафта. Катастрофата ќе предизвика смрт на повеќе од 250.000 морски птици, 2800 морски ежови, 300 фоки и 22 орки.
Поранешната американска водителка Опра Винфри, разговарала со Диксон во 1977 година, кога таа ѝ предвидела многу успешна кариера и милиони обожаватели. Сепак не секогаш погодувала. Таа верувала дека Русија ќе биде првата нација која ќе го испрати човекот на Месечината.
Покрај тоа тврдела и дека во 1958 година ќе избие Трета светска војна и дека во 1967 година ќе биде измислен лек против рак. Кога во 1969 година исчезнало шестгодишно момче, ја повикале да помогне во потрагата, но и покрај натприродна моќ, таа не можела да го најде.
Текстот Американката која го предвидела убиството на Кенеди, сега тврди дека ќе има нова војна е превземен од Reporter.mk.