Американската војска спроведува тестови за надзор со широк домет во шест држави во Средниот запад на САД, користејќи експриментални балони. Ова го откриваат новите документи излезени во јавност, кој ги поднела Федералната комисија за комуникации.
Околу 25 безпилотни балони на соларен погон, се лансирани од руралната средина во Јужна Дакота. Тие се движеле 400 километри низ подрачјето кое се протега низ делови на Минесота, Ајова, Висконсин и Мисури, пред да завршат во централнен Илиноис, пишува „Гардијан“.
Патувајќи во стратосферата на висина до 20 километри, балоните се наменети за надгледување и лоцирање на трговците со наркотици и спречување какви било опасности во домовите на населението, е наведено во поднесениот извештај, потпишан од воздухопловната и одбрамбена компанија „Сиера Невада Корпорејшн“.
Балоните носат високотехнолошки радари, дизајнирани истовремено да ги следат поголемиот број на поединечни возила во текот на денот или ноќта, во било кое време.
Тестовите, кои претходно не се пријавени, добиле од FCC дозвола за работа, за периодот од средината на јули до сепмтември. Вакви слични летови биле одобрени и минатата година.
Тестовите ги нарачала Јужната команда на САД (Southcom) која е одговорна за реагирање на катастрофи, известување на операциите и безбедносната соработка на Карибите и во Централна и Јужна Америка.
Southcom им помага на американската војска, морнарица, воздухопловните и други видови на сили, а една од неговите клучни улоги е идентификување и пресретнување на пратките со дрога, испратени во САД, пишува „Гардијан“.
Текстот Американската војска со безпилотни балони не набљудува од стратосферата е превземен од Reporter.mk.