Американскиот носач на авиони USS Bokser кој се наоѓа во Ормускиот мореуз, може да предизвика Трета светска војна, пишуваат светските медиуми. Во арсеналот на носачот на авиони, се наоѓаат леталата од типот „херијери“, „оспреји“, хеликоптери од типот „Сихок“, а бродот има екипаж од 1000 луѓе, плус околу 1500 американски морнари.
Бродот има доволно артилерија, па дури и тенкови, за да покрене мала инвазија. Со овој брод наводно е соборен иранскиот дрон во четвртокот, нешто што Техеран подоцна го демантираше со видео снимка.
Среде напнатата атмосфера во Заливот и Ормускиот мореуз, една грешка може да предизвика голема катастрофа. Претходно оваа недела, иранскиот министер за надворешни работи Џавад Зариф предупреди на големата улога во играта.
„Иран низ исотријата овозможуваше безбедност на овие води. САД интервенираше во овие води за да бидат несигурни за Иран. не можете овие води да ги направите несигурни за една земја, за да ја осигурате безбедноста на други“, изјавил Џавад за „Си-Ен-Ен.
Џавад запшрашан дали верува дека како резултат на барањето за тоа кој е виновен за ситуацијата, би можело да дојде до ескалација и резултат на поголем воен инцидент, тој одговорил потврдно.
„Во така мал воден простор, ако имате многу странски бродови, мислам дека можно е да се случи несреќа“, одговорил иранскиот министер, нагласувјаќи дека Иран не сака војна и ги повика сите страни да работат во интерес да се избегне секаков вид на војна.
Тој го сврте вниманието на загубата на 290 патници во авионот „Иран Ера 655“, кои го сруши USS Vinsenes во „танкерските војни“ во 1980-те години. Техеран во повеќе наврати повика на враќање на преговорите со САД, но само ако Америка прво ги укине економските санкции.
Оваа недела беа видливи знаци дека администрацијата на Трамп е подготвена да ја исполни својата понуда да разговара директно со Иран, без никакви предуслови.
На USS Bokser, „Си-Ен-Ен“ побарал од бригадниот генерал Тролингер, командантот на Оперативните групи на чие чело е носачот на авиони, објаснување дали еден погрешен чекор на морнарите или маринците, може да предизвика опасни последици, како што е војна?
„Тоа е апсолутно точно“, одговорил генералот.
„Секоја обука која ја вршиме, има за цел да ги елиминира или намали сите ризици“, одговорил генералот.
Текстот Американски брод во Ормускиот мореуз може да предизвика Трета светска војна е превземен од Reporter.mk.