Американски научници тврдат дека имаат решение за лечење на коронавирусот

Американски научници велат дека го имаат решението за лечење од опасниот коронавирус. Тие предложиле во лечењето на епидемијата се искористат антитела од крвта на оние пациенти кои веќе биле заразени со КОВИД-19. Велат дека лечењето на овој начин ќе биде успешно. Резултатите од истражувањето се објавени во весникот The Journal of Clinical Investigation.

Методот се заснова земање серум кој содржи вирусни антитела добиени од крвта на пациентот, кои веќе се излечиле од новиот коронавирус и вбризгување на заразените од коронавирус.

Според мислењето на научниците, овој метод на имунотерапија може да се воведе многу брзо, без чекање на развој на толку бараната вакцина.

„Развојот на оваа варијанта не бара никакво истражување ниту разој. Тој може да се примени веќе за неколку недели, со оглед на тоа дека се заснова на стандардна пракса на користење на банки крв“, е заклучокот на еден од авторите на истражувањето, имунологот Артур Касадевал.

Таканаречениот метод на пасивна терапија со антитела за кој пишува авторот на истражувањето, за кој пишуваат авторите на истражувањето, состаени од научници и медицински експерти од школата за јавно здравје при Универзитетот „Џон Хопкинс“ во Балтимор, бил развиен уште во 1890 година и имал широка примена во 20 век.

Тогаш се користел во борбата против морбилите, детската парализа, заушките и грипот. Истражувачите сметаат дека овој метод може да помогне и денес.

Привремена заштита од коронавирус

 

 

Овој серум не е комплетна вакцина и не може 100 процентни да го заштити човекот од заразата, но ќе ги зголеми шансите и ќе обезбеди привремена заштита, ќе овозможи забавено ширење на вирусот SARS-CoV-2 и со самото тоа ќе се добие на време за создавање на целосната вакцина, сметаат научниците.

Според статистичките податоци од Универзитетот „Џонс Хопкинс“, во моментов повеќе од 77.000 луѓе се излечени од КОВИД-19, а во нивната крв во наредните неколку месеци, па можеби и години ќе се сочуваат антителата за овој патоген. Според зборовите на научниците, за почеток на лечењето потребно е тие кои оздравиле од коронавирусот, да ја дадат својата крв веднаш, по потврдата дека целосно се излечени. Во таа фаза серумот со крв, содржи максимална количина на приротни антитела потребни за борба против вирусот SARS-CoV-2.

Серумот може да се искористи и за луѓе од ризични групи, неинфицирани членови на семејството, на инфициран пациент или за зајакнување на имунитетот на медицинскиот работник, кои се наоѓа во зоната на делување на патогенот. Научниците истакнуваат дека сличен пристап веќе бил испробан како едно од средствата на екстремен одговор во случај на два претходни типа на коронавирусот – SARS1 (атипична пнеумонија) и MERS (блискоисточен респираторен синдром). Исто така постојат непотврдени информации дека слична терапија веќе се применува во Кина. Истовремено, во текстот на авторите е наведена една голема јапонска фармацевска компанија, која ја разгледува можноста за развој на препарати на основа на антителата со цел за привремена превенција на коронавирусот.

 

 

Пандемија на коронавирус

За потсетување, Светската здравствена организација на 11 март епидемијата на новиот коронавирус КОВИД-19 ја прогласи за пандемија. Во повеќе од 140 земји низ светот, досега се заразени повеќе од 220.846 луѓе, околу 85.778  се оздравени, а преку 8988 починати. Во Европа на прво место по бројот на починати е Италија.

Таму се регистрирани повеќе од 35.713 заразени, додека 2978 лица починаа.

 

Текстот Американски научници тврдат дека имаат решение за лечење на коронавирусот е превземен од Reporter.mk.