Додека милион корисници на „Фејсбук“ уживаат во новата забава со апликацијата FaceApp, на која може да се видат како ќе изгледаат кога ќе остарат, лидерот на демократите во Сенатот во САД Чак Шумер во руската верзија на оваа алатка исклучиво гледа како закана по националната безбедност на Америка.
Сите верзии на апликации коирстат вештачка интелегенција и ги менуваат фацијалните експресии и изгледот на личноста од фотографијата.
Но, за корисникот да може да се види себе си подмладен или постар, во повеќето апликации мора да ги прифати условите на користење, со што компанијата која сти зад овие апликации или социјални мрежи, може да располага со неговите податоци.
Ќе се вклучи ли и ФБИ?
Сенаторот Шумер тврди дека сите фотографии од руската верзија на апликација можат во иднина да се користат без согласност на сопствениците, што може да претставува закана по националната безбедност, но и закана по безбедноста на информациите на милион американски корисници.
Тој дури и ги повикал ФБИ да истражат на кој начин личните информации на милион американски корисници на оваа апликација, можат да бидат од значајност, ако се најдат во рацете на руските власти, како и тоа дали постои опасност информациите да послужат како компромитирачки материјал против американските државјани.
Без пристап на сите фотографии
Веднаш на ова реагирала руската компанија Vajerles lab, која пред се објаснила дека превзема исклучиво фотографии кои самиот корисник ги избрал за уредување.
„Никогаш не пренесуваме други слики од телефонот. Повеќето слики се бришат на нашите сервери во рок од 48 часа, од моментот на аплоудирање. Ги прифаќаме барањата на корисникот за отстранување на сите податоци од нашите сервиси. Нашиот тим за поддршка во моментов е преоптеретен, но овие барања си имаат наш приоритет“, стои во соопштението на компанијата.
Исто така од руската компанија објаснуваат дека не продаваат и не ги делат корисничките податоци со трети страни. Сите функции на FaceApp се достапни и без пријавувања и дека оваа опција ја избрале 99% од корисниците.
Руската компанија нема пристап на податоците преку кои би можела да ја идентификува личноста чија фотографија ја обработува.
Како Скрипаљ и С-400
Алексеј Фјодоров од Московскиот институт за електронска техника има едноставно објаснување за прашината која се дигнала околу FaceApp.
„Не знам од каде потребата да се крене толкава прашина околу Скрипаљ или околу С-400 во Турција? Тоа е чисто политичко прашање. Влезете во која било апликација и речиси секоја ќе ви навести на тоа дека откривате некои од вашите лични податоци. Студентите на мојот институт, се во состојба преку „Фејсбук“, „Инстаграм“ и слични други мрежи, да извлечат таква количина на информации, што е тешко и да се замисли“, вели рускиот експерт.
Андреј Манојло, професор на Московскиот државен универзитет, коментирајќи го тврдењето на американскиот сенатор дека FaceApp е закана за националната безбедност, вели дека Американците се занимаваат со отприлика иста работа.
„Под параванот на разни апликации, игри и програми од забавен карактер, каде се бара регистрација, тие собираат лични податоци, од различни извори, а потоа ги обединуваат и добиваат таканаречен „биг дата“. Личните податоци кај Американците формираат досие за секој активен корисник на Интернет. Односно, таа технологија на нив им е и тоа како позната“, вели Манојло.
Страв од конкуренција
Душан Стојичевиќ, консултантот за ИТ безбедност во Србија, вели дека прашината која ја подигнал американскиот сенатор и на тој начин го оптеретил серверот на руската компанија, во најмала рака е неоправдана.
„Затоа што системите како американскиот, кој се обидуваат да се прашаат за сè што се случува на планетата, мораат да имаат непријатели, архинепријатели, или некој измислен непријател, за да можат да се борат против него и да му продаваат оружје. Неодамна на „Фејсбук“ пренесе дека Американците ја нападнале и хакирале руската мрежа. Тие ја повикуваат Русија дека го направила тоа, тоа, тоа и тоа, а тие самите го прават истото“, оценува Стојичевиќ.
Коментирајќи го овој став, професорот Андреј Манојло вели дека Американците повеќе се плашат од своите луѓе, затоа што многу американски официјални лица, вклучувајќи и сенатори и конгресмени, прилично се зборливи, баш како и припадниците на специјалните служби.
„Прочурувања има постојано и токму поради тоа Американците имаат стравови и фобии. Но, сосема е можно дека тука е во прашње и страв од конкуренција, затоа што технологијата која овозможува да видиш како ќе изгледаш кога ќе остариш или обратно, имаат своја пазарна вредност. Таа е барана и има пазар кој се повеќе и повеќе се шири. Со други зборови, тоа е прилично голема пара во смисла на капитализација, а профитот е поголем од вообичаените реклами. Затоа е сосема можно изјавата на сенаторот биде лобирање кое го платиле истите оние американски компании кои би сакале да направат слина апликација, а истовремено да го истиснат од пазарот рускиот конкурент“, наведува Манојло.
Текстот Апликацијата FaceApp опасна по националната безбедност на Америка е превземен од Reporter.mk.