Арктикот ќе стане центар за собирање на податоци на светските компании

Рускиот Арктик може да стане еден од најголемите светски центри за складирање на податоците за меѓународните компании, изјавил денес проектантскиот офицер за развој на Арктикот, академик Александер Воротников.

Тој за Тас изјавил дека бројните меѓународни компании, како Фејсбук, имаат центар со податоците во близина на поларниот круг.

„Русија има голем потенцијал на природен студ, кои е неопходен за работа на центарот за податоци“, навел Воротников.

Тој додал дека поедини регионални власти им понудиле на инвеститорите територии за организирање на складишта со податоци.

Тој изјавил дека Русија има правна база за развој на ваков проект.

На крајот на јуни, Русија усвоила закон кој ги регулира механизмите на соработка меѓу јавниот и приватен капитал во ИТ технологиите.

 

 

Текстот Арктикот ќе стане центар за собирање на податоци на светските компании е превземен од Reporter.mk.