Асанж користел компјутерски вештини за да ѝ помогне на полицијата да разоткрие педофилски прстен

Основачот на „Викиликс“, Жулијан Асанж, ги искористил своите експертски компјутерски вештини за да ѝ помогне на австралиската полиција да разоткрие масовен педофилски прстен од пред 20 години, пишува Newspunch.com повикувајќи се на Theaustralian.com.au.

Австралискиот медиум пишува дека Асанж како млад бил компјутерски хакер, кој соработувал со властите за да им помогне во разрешување на два случаи со детска порнографија. Овие информации излегле во јавноста во пресрет на објавувањето на неговата книга за неговото викиликс-царство, која веќе излезе во продажба.

Книгата била дистрибуирана и покрај заканите за судска постапка. Авторот на книгата, Асанж, барал да биде повлечена поради грешки во преводот. Господинот Асанж во книгата Inside WikiLeaks: My Time with Julian Assange at the World’s Most Dangerous Website е опишан како страствен љубител на млади жени и злоупотребувач на мачки.

Асанж по апсењето ја продолжил борбата против неговото испорачување во Шведска, поради наводните обвинувања за сексуална злоупотреба. Адвокатот на Асанж, Џефри Робертсон, го нападнал поранешниот шведски премиер Фредрик Рејнфелд обвинувајќи го дека извршил разорен штетен напад против неговиот клиент.

„Вистинското зло на ваквите обвинувања од страна на поранешниот премиер не е дека тие ќе имаат влијание на оваа судска постапка, туку тоа што во оваа мала земја тој создаде токсична атмосфера“, изјавил Робертсон.

Господин Асанж, според изјавата на поранешниот премиер на Шведска, стана државен непријател број еден. Окружниот судија Хаувард Ридл, кој е надлежен за случајот на испорачување на Асанж, го отфрлил обидот на Робертсон случајот да го прекине поради коментарот на Рејнфелд.

Случајот настанал во Лондон следел  откако мајката на Асанж, Кристина, напишала и испратила писмо до министерот за надворешни работи на Австралија, Кевин Руд, во кој го замолила да ја осуди постапката кон нејзиниот син од страна на шведските власти.

„Колку што знам, досега немате направено ништо, немате испратено никаков дипломатски протест до шведските власти за злоупотреба на правосудството и нарушување на човековите права на мојот син. Ниту, пак, сте сведочеле во САД поради нивниот поттик на киднапирање и убиство“, изјавила госпоѓа Асанж во писмото до Руд.

Откривајќи ги фактите од минатото на господин Асанж, неговиот адвокат, Грејс Морган, изјавила пред Жупанскиот суд во Викторија, една од шесте сојузни држави во Австралија, дека во 1993 година кога господин Асанж бил во раните дваесетти години им помагал на истражителите од детската експлоатациска едница во полицијата.

„Мојот клиент помогнал во врска со две полициски истраги“, изјавила Морган.

Неговата улога била давањеа технички совети и поддршка и помош во процесуирањето на лицата осомничени за објавување и дистрибуција на детска порнографија на интернет.

Учеството на Асанж завршило во средината на 90-тите години. Тој бил свесен за конечните резултати и операцијата, но разбира дека неговата техничка експертиза била од големо значење за истрагата.

„Господин Асанж не добил лична корист од својот придонес и со задоволство сакал да помогне“, изјавила Морган.

Новите поединости за минатото на Асанж се појавиле кога локалниот издавач на книгата Scribe Publications изјавил дека 20.000 примероци од книгата, која може да се купи за 29.99 долари, се испорачани на книжарниците и дека буквално е предоцна за да се спречи нејзиното издавање.

Inside WikiLeaks за првпат е објавен во неговата родна Германија минатиот месец. Кога во јавноста излегле делови од англискиот превод на книгата, „Викиликс“ се заканил дека ќе го тужи Даниел Домшејт-Берг, кој бил еден од најблиските соработници на Асанж.

„Викиликс“ тврди дека Даниел Домшејт-Берг признал во книгата дека ја саботирал организацијата држејќи важни документи, далеку од рацете на Асанж, тврдења кои тој ги негира.

 

 

 

 

 

Текстот Асанж користел компјутерски вештини за да ѝ помогне на полицијата да разоткрие педофилски прстен е превземен од Reporter.mk.