Основачот на интернет платформата „Викиликс“, Џулијан Асанж, скапува во затвор, вели специјалниот известувач на Обединетите Нации Нилс Мелцер, во интервју за швајцарски „Републик“.
„Замислете мрачна просторија. Оддеднаш некои ќе насочи рефлектори кон одредено место и ќе се видат воени злостороства, корупција. Рефлекторот сега е насочен кон Асанж. Владите за момент изгледаат шокирани. А потоа следат обвинувањата за силување. Се врти рефлекторот на друга страна. Класичен метод во манипулацијата на јавното мислење“, вели Мелцер.
„Проблемите кои и самиот Асанж ги објави во јавноста, повторно останаа во темницата. Наместо нив, сега Асанж е во жижата на јавноста. Ние зборуваме за тоа дали тој се наоѓа во амбасадата на Еквадор во Лондон, дали вози скејтборд, дали ја храни својата мачка како што трба. Оддеднаш сите знаеме дека тој е силувач, хакер, шпион и нарцис, а работите кои ги откри и воените злосторства остануваат закопани во темниата“, објаснил Мелцер.
Асанж се соочува со тешки обвинувања, откако ги објави снимките од воените пилоти на хеликоптерите на САД, кој во Ирак пукаат во цивили. Тој објави стотина тајни документи, односно мејлови, кои откриваат лаги и корупција кај политичарите. Асанж во Шведска е обвинет за силување на основа на исконструирани приказни, вели Мелцер.
Шведската полиција според зборовите на Мелцер, дури и самата ја преработиле пишаната изјава на силуваните девојки. За да не го уапси и затвори шведската полиција, Асанж најде засолниште во амбасадата во Еквадор во Лондон, каде мина седум години, заштита која му ја овозможил тогашниот претседател на Еквадор Рафаел Кореа.
Кога на функцијата го сменил Ленијин Морено, човек близок до Вашингтон, не и требаше долго на британската полиција да влезе во амбасадта и да го уапси Асанж.
Сега тој во затворот го чека рочиштето на кое ќе биде одлучено дали ќе биде испорачан во Америка. Ако биде испорачан, тогаш Нилс Мелцер смета дека Асанж нема да ја дочека постапката на правната држава.
„Го чека постапка пред Судот за национална безбедност во Вирџинија, зад затворени врати и на основа на тајни докази. Никој на тој суд никогаш не добил ослободувачка пресуда. Додека службениците на државата на САД се придржуваат на наредбата на своите претпоставени, можат да водат напаѓачки војни и да бидат виновници на воени злосторства и мачења, знаејќи дека за тоа нема да бидат гонети. Каде е тука лекцијата од Нирнбершките процеси?“, објаснил Мелцер.
Целата оваа работа е валкана игра во која се настојува со еден судски шоу-процес, да се направи пример за останатите. Се работи за заплашување на новинарите, а пораката е дека тоа ќе се случи на секој кој ќе го копира моделот на „Викиликс“.
„Ако истражувачкото новинарство се прогласи за шпионажа и може да се гони насекаде во светот, ќе следи цензура и тиранија“, изјавил Мелцер.
Тој наведе дека специјалниот известувач за мачење и делегат на Меѓународниот комитет на Црвениот крст веќе видел многу ужаси и насилства.
„Тој виде со каква брзина, мирните земји како Југославија или Руанда можат да се претворат во пекол. Во корен таквиот развој на работите секогаш се структуира со недостиг на транспарентност и неконтролирана политичка или економска моќ, комбинирана со наивност, незаинтересираност и можност да се манипулира со населението. Сето тоа што секогаш им се случува на другите, неказнето мачење, силување, прогон и убивање“, може да им се случи и на нашите деца.
Текстот Асанж скапува во затвор, тврди специјален известувач на Обединетите Нации е превземен од Reporter.mk.