Таткото на Џулијан Асанж, Џон Шиптон, изјавил дека неговиот син постојано е подложен на разни видови на тортури и мачења во затворот Белмарш во Британија. Шиптон објаснил дека додека го чека рочиштето за евентуално испорачување во САД, неговиот син е изложен на ментална и физичка тортура“, пренесува „Индипендент“.
„Последен пат го посетив Асанж во август. Целиот се тресеше и патеше од анскиозност. Многу ослабе и беше под стрес. Третманот кон него се влоши во последните година дена. Тој е подложен на разни облици на мачење“, изјавил Шиптон.
Основачот на „Викиликс“ во затворот го држат заедно со некои од најлошите британски криминалци и се соочува со казна затвор од 175 години, според обвинувањата на Вашингтон.
Рочиштето на кое ќе биде одлучено за неговото испорачување е закажано за во февруари, пренесува агенцијата „Срна“. Шиптон изјавил дека неверојатно е тоа што неговиот син го држат во еден од најозлогласените затвори во Британија и покрај сите повици од Обединетите нации за негово ослободување, пренесува весникот.
Асанж беше уапсен во април во амбасадата на Еквадор во Лондон, откако седум години ги мина во нивната зграда. Против него САД има покренато 18 обвиненија, меѓу кои и обвинението за шпионажа. Повеќето наводи од обвиненијата се однесуваат на работата на сајтот „Викиликс“, на кој се објавени тајни документи и повеќе од милион пораки кои ги открила известувачката аналитичарка Челзи Менинг.
Текстот Асанж во затвор е изложен на разни тортури, обинува татко му Џон Шиптон е превземен од Reporter.mk.