Американскиот астронаут Лиленд Мелвин објавил на „Твитер“ дека имал средба со вонземјани. Од контролниот центар на НАСА објавиле дека чудната слика што ја забележале, всушност, е мраз што го оштетил цревото со фреон.
Мелвин, сепак, не мисли така. Тој тврди дека видел „вонземјанин со проѕирен, заоблен, органски изглед“, кој лебди надвор од вселенскиот шатл што бил над Земјата.
Се јавил кај своите надредени на Земјата, но тие му сугерирале дека нема потреба за грижа.
Астронаутот бил многу скептичен во врска со официјалното објаснување што го дала НАСА, иако смета дека не станува збор за намерна лага.
Исто така, изјавил дека кога го видел вонземјанинот, првата работа што му паднала на памет да каже била – „Хјустон, имаме проблем“. Веднаш прекинал поради тоа што сите почнувале со таа прочуена реченица кога ќе се нашле во незгодна ситуација.
Текстот Астронаут на НАСА тврди дека видел вонземјанин е превземен од Reporter.mk.