Научниците стравуваат дека се ближи крајот на постоењето на нашата галаксија. Тие забележале дека Млечниот пат почнал да се судира со двете џуџести галаксии Големиот и Малиот Магеланов Облак. Тие своето откритие го објавиле во астрономското списание Erth Sky, „Земјено небо.
На астрономите претходно прогнозираа дека Млечниот Пат ќе се судри со големата спирална галаксија Андромеда за четири милијарди години, но сега стравуваат дека крајот би можел да се случи многу побрзо, затоа што се приближуваат две галаксии – Големиот и Мал Магеланов Облак, кои кружат околу Млечниот Пат.
Како последица на овој удар, ќе се создадат нови ѕвезди, прогнозираат астрономите. Уште во 60-тите години од минатиот век тие ги следат трагите од гас што потекнуваат од Магелановиот Облак, а кои ги нарекуваат Магелановиот Поток. Оваа трага од гас се протега низ галактичкиот јужен пол, Млечниот пат, пренесува EarthSky.
Мегалановите Облаци би требало во вистинска смисла да се судрат со нашата галаксија за неколку милијарди години, но според најновите податоци, кои астрономите ги претставија на 8 ноември на собир на Американското астрономско друштво во Хонолулу, се чини дека веќе се појавиле првите знаци на колизија.
За време на спојувањето на галаксиите, обично се создаваат нови ѕвезди, а астрономите неодамна на периферијата на нашата галаксија и во близина на Магелановиот поток, забележано ново купче на ѕвезди. На тој предел инаку се наоѓаат најстарите ѕвезди во нашата галаксија, а експертите откриле дека ѕвездите се составени од материјал од Магелановиот облак.
Така научниците неодамна сфатиле колкава е заканата од Големиот Магеланов Облак за нашата галаксија. Според истражувањето кое во февруари 2019 година е објавено во списанието Monthly Notices „Месечни белешки“, на британското кралско астрономско друштво, Големиот Магеланов Облак сигурно ќе се судри со нашата галаксија и тоа многу порано од што се мислело.
До тоа откритие научниците дошле откако ги изработиле компјутерските симулации од движењето на Магелановиот Облак, при што утврдиле дека наместо да е на безбедна оддалеченост околу нашиот Млечен Пат, Големиот Магеланов Облак за некое време ќе се судри со нашата галаксија.
Научниците проценуваат дека Магелановиот Облак во моментов е оддалечен околу 163.000 светлосни години и дека се движи со брзина од 400 километри во секунда. но симулациите на астрофизичарите од Универзитетот Дарем покажуваат дека Големиот Магеланов Облак во еден момент ќе забави и ќе се сврти кон нас и ќе се судри со нашата галаксија. Сударот би требало да се случи за околу 2,5 милијарди години.
Во случај човештвото да преживее толку долго, го чека вистински спектакл. Постои можност во моментите на сударот да се активира црна дупка во средина на нашата галаксија и да почне да голта сè што се наоѓа во неа, зголемувајќи сè за десетина пати.
„Додека се храни со околниот гас, црната дупка ќе исфрли големи млазови радијација“, изјавил предводникот на истражувањето, козмологот Мариус Каутун.
„Иако овие млазеви нема да влијаат на нас, постои мала можност (1 до 3%) во моментите на сударот на двете галаксии, нашиот Сончев Систем да биде исфрлен во меѓуѕвездениот простор“, додал Каутон.
Научниците се сомневаат дека во моментите на сударот на Млечниот Пат и Андромеда, ќе дојде и до меѓусебен судар на ѕвездите или планетите, но надоаѓачката галаксија со повеќе од 250 милијарди Сонца, сепак ќе непарави „неред“ во внатрешноста на нашиот Млечен Пат, смета астрофизичарот Карлос Френк од Универзитетот „Дарем“.
Сè ќе се промени внатре во нашата галаксија, а Сончевиот Систем би можел да биде исфрлен во вселената. Во случај тоа да се случи, се сомневам дека нашите потомци, ако воопшто до тогаш ги има, ќе можат да преживеат“, објаснил Карлос Френк.
Текстот Астрономите стравуваат дека се ближи крај на галаксијата е превземен од Reporter.mk.