Голем број теоретичари на заговор тврдат дека популарната канадска пејачка Аврил Лавин, е мртва и дека нејзината смрт се крие повеќе од две децении. Тие сметаат дека Лавин починала набрзо по издавањето на нејзиниот прв албум во 2002 година.
Многумина сметаат дека Аврил паднала во депресија, по брзиот успех и светска слава. По смртта на нејзиниот дедо, таа, наводно, не можела да се носи со тешката загуба.
Теоретичарите велат дека пејачката била најдена мртва во нејзиниот стан, но деталите биле вешто скриени. По нејзината смрт, неа ја сменила нејзина двојничка, актерката Мелиса Вандер. Многу обожаватели, особено оние кои се љубители на заговорите, веруваат дека пејачката деталите за нејзината смрт ги оставила напишани во некои од нејзините песни.
За да го потврдат ова, теоретичарите го посочуваат и нејзиниот променет имиџ. По издавањето на вториот албум во 2004 година, таа од тинејџерска бунтовничка се претвори во поп-пејачка. Многумина ѝ замиерија што ги напушти и се откажа од нејзините рок елементи, по кои била препознатлива. Почнала да се облекува и женствено, нешто што не било својствено за неа.
Откако теоријата се проширила, како нови докази биле истакнати нејзините лузни, тетоважи и дамки на кожата кои исто така се промениле, како и обликот на носот и вилицата. Пејачката нема коментар за целата оваа приказна, но некои медиуми, повикувајќи се на извори блиски до Аврил, велат дека сите овие коментари ја забавуваат.
Инаку, Аврил Лавин не е единствена за чиј живот постојат теории на заговор. Слично се случувало и со Гучи Мејн, Пол Мекартни, па дури и со Бијонсе.
Текстот Аврил Лавин со години е мртва, ја заменила нејзина двојничка е превземен од Reporter.mk.