Познатата бугарска пророчница, Нешка Стеанова Робева, позната како баба Ванѓа, ја предвидела коронавирусот, непосредно пред нејзината смрт во 1996 година.
„Сегде околу нас ќе биде корона!“, кажала таа.
Тоа е збор кој на бугарски јазик значи круна и има врска со руското владеење во таа земја. Многумина кои верувале во нејзините пророштва сметале дека тоа значи потпаѓање на Бугарија под руска власт, но сега всушност разбираат на што мислела.
Оваа година баба Ванѓа ја опишала како многу интригантна. Таа предвидела дека ќе биде убиен рускиот претседател Владимир Путин и дека ќе се случи ново разорно цунами.
Која е баба Ванѓа?
Баба Ванѓа е родена во 1911 година како Вангелија во сиромашно земојделско семејство. Никој не знаел што таа еден ден ќе стане. На 12 години била сведок на големо невреме, за кое велела дека и влегло во окото. Чудно е зошто ветерот ја избрал токму неа, а не други. Вечерта таа ослепела.
Духот на ветерот не ѝ останал должен, тој и подарил моќ на исцелување и пророштво. Првото свое пророштво го имала за време на Втората светска војна. Иако била неискусна во тоа, таа им помогнала на голем број војници кои исчезнале на воените полиња. Тогаш нејзините визии ги сметале за важни и брзо се раширило за нејзината моќ.
Интересно е што таа нејзините услуги секогаш ги давала бесплатно, не сакајќи од истите да заработи. Ванѓа станала позната и по предвидувањето на падот на Кулите близначки во Њујорк во 2001 година и тоа 14 години претходно. Во далечната 1992 година, изјавила дека ќе се промени животот во голем број на земји.
„Ќе продре во целиот свет, тивко и незабележливо. Таа земја ќе постигне економска доминација, а во секоја куќа ќе биде духот од таа земја“, изјавила таа. Многумина кои и веруваат, сметаат дека станува збор за Кина, која централзиираше масовен дел од светското производство. Баба Ванѓа во 1995 година кажала нешко клучно.
„Црн човек ќе биде на власт во САД. Земјата со своите раце ќе ја претвори во песок. Ќе има крв на своите раце. Ќе му се смее цел свет, ќе ја урниса својата земја“, кажала таа.
Оваа визија многумина ја протолкувале како владеењето на Обама и големиот број конфликти во Сирија и Иран кои го одбележаа неговиот мандат.
Што видела баба Ванѓа во блиската и далечна иднина?
„Промените во орбитата на Земјата ќе доведат до намалување на популацијата до 2025 година, поради што во Европа ќе има помалку жители. Природата повторн ќе процвета во 2084 година, а до 2088 година нови видови животни ќе влејат страв и ќе ги убиваат луѓето“, кажала таа.
Баба Ванѓа предвидела дека во светот ќе завладее нова пандемија во 2097 година. Во 2125 година, Унгарците ќе добијат порака од вонземјани. Животните ќе станат свесни во 2164 година, а во 2167 година ќе се воспостави нова религија. Белата и жолтата раса ќе се помешаат во 2196 година, а ќе станеме бесмртни во 4599 година.
Според нејзината визија, во 5079 година ќе се случи крајот на светот.
Текстот Баба Ванѓа го предивдела коронавирусот е превземен од Reporter.mk.