Вангелија Пандева Димитрова попозната како Баба Ванѓа е една од најпознатите јасновитки од Бугарија, со потекло од Македонија. Таа е родена во Струмица во 1911 година, а ослепела во една несреќа на 12 години. Подоцна се дознава за нејзината моќ да ги предвиди настаните во иднината.
Таа е позната по нејзините предвидувања на светските катастрофи, а нејзината популарност станува уште поголема по нејзината смрт. Особено се познати нејзините пророштвата за нападот на Светскиот трговски центар во 2001 година.
„Челични птици ќе ја нападнат Америка. Два брата ќе умрат и ќе понесат со себе многу луѓе, секаде ќе има крв и страдање. Поради смртта на браќата цел свет ќе тагува“, предвидела Баба Ванѓа.
За 2020 година, Баба Ванѓа предвидува дека Јапонија би можела да ги добие Јужните Курилски Острови од Русија, нешто за кое двете земји преговараат подолг период. Баба Ванѓа вели дека ќе се роди бебе кое ќе го обедини речиси половина свет само со една молитва. Оние кои веруваат во нејзината моќ, сметаат дека станува збор за малото момче од Магнитогорск. Баба Ванѓа исто така говорела дека во 2020 година, топењето на снегот ќе предизвика подигнување на нивоата на морињата и океаните и ќе дојде до голем потоп. Климатските промени допрва ќе претставуваат вистинска закана по човештвото. Во 2020 година, баба Ванѓа предвиде дека Велика Британија ќе ја напушти Европската Унија, а во нејзините забелешки биде најдени информации и за другите земји.
Америка повеќе нема да биде таа каква што ја познаваме. Оваа земја ќе ја изгуби својата моќ, веројатно пред изборот на новиот претседател. Баба Ваѓна зборувајќи и пишувајќи метафорично, изјавила дела Ластовицата ќе се врати во гнездото, мислејќи на земјата Украина, каде ластовицата е нејзин симбол. Таа смета дека Украина ќе се спои со Русија. Исто така Баба Ванѓа напишала дека обичните луѓе ќе ја освојат Месечината. Веќе е познато дека во 2020 година, се планира првата туристичка вселенска обиколка.
Текстот Баба Ванѓа за 2020, Америка ќе ја изгуби моќта, а обичниот човек ќе патува на Месечината е превземен од Reporter.mk.