Интересно е што луѓето воопшто не слушнале за банката BIS, Банка за меѓународно порамнување, а тоа е чудно затоа што таа претставува најважната банка на светот. Поважна е дури и од ММФ и Светска банка. Таа веќе со децении се наоѓа во центарот на глобалната мрежа на пари, моќ и тајно глобално внимание.
Банката BIS ги има преживеано првата глобална депресија, крајот на исплатата, оштетата и златниот стандард, кои биле нејзин темел на постоење. Преживеала и за време на подемот на нацизмот, Втората светска војна, Студената војна, финансиската криза во осумдесетите и деведесетите години, потоа работењето на ММФ и Светска банка и на крајот падот на комунизмот.
Со векови кружеле различни приказни за неа. Некои се темелеле на лабави факти, други на шпекулации, за собирот на група луѓе, кои го контролираат светот. Некои од овие приказни се делумно точни, некои се целосно измислени, а некои се целосно точни, како на пример приказните поврзани за Банката на Меѓународните договори, на која никој не обрнува внимание.
Ова е приказната за неа.
Следи извадок од книгата Базел кулата: Сивата историја на тајната банка која управува со светот” од Адам ЛеБор:
Најексклузивниот клуб на светот има 18 членови. Тие се собираат секој втор месец во неделата во седум часот вечерта во салата за конференции во кружната кула, чии прозори се затемнети и гледаат кон централната железничка станица во Базел (град во северот на Швајцарија). Нивната расправа трае околу еден час, понекогаш час и половина. Некои од нив ги понесуваат своите колеги, но тие ретко говорат за време на овие доверливи состаноци.
Кога состаноците ќе завршат, сите кои пристигнале со членовите, си заминуваат, а останатите се повлекуваат во салата за вечера на 18 кат, каде уживаат во одличната храна и уште подоброто вино. Вечерата трае до 11 часот вечерта, понекогаш и до полноќ. Истиот протокол се користи повеќе од 8 децении. Сето тоа што ќе се каже на масата за вечера, таму и останува. Сите овие членови, се повеќето мажи и многу моќни лица и сите се банкари. Тие доаѓаат во Базел на состанок за Економскиот конзулативен одбор (ECC) и Банката за Меѓународен договор (BIS), која ја претставува банката која управува со сите централни банки.
На почетокот на 2013 година, кога оваа книга е пуштена во продажба, Кинг го предводел ECC. Собирањето на оваа влијателна група била отворена само за мала одбрана група на централни банкари, од напредните економии. ECC го одбира идното членство и организација од три комитети во BIS, кои управуваат со глобалниот финансиски систем, платежните средства и меѓународниот пазар. Овој одбор исто така ги подготвува предлозите за состаноците за глобалната економија.
Тие состаноци почнуваат во 9:30 часот утрото секој понеделник наутро во собата Б и траат околу три часа. На тие состаноци Кинг ја претставува групата на гувернери на централните банки на 30 држави, кои се проценети како најважни за светската економија. На состаноците кои се одржуваат во понеделникот, покрај претставниците кои се учествуваат на состанокот во недела, учествуваат и претставници од Индонезија, Полска, Јужна Африка и Турција. Гувернерите на 15 помали држави како што се Унгарија, Израел и Нов Зеланд можат да присуствуваат, но само како набљудувачи.
На крајот на состаноците, гувернерите на сите 60 членки на BIS, присуствуваат на шведска маса, во салата за вечера на 18 кат. Салата за вечера, која е дизајнирана од страна на швајцарската архитектска компанија „Herzog & de Meuron“, има бели ѕидови и спектакуларен поглед на Швајцарија, Франција и Германија. Во 2 часот попладне, централните банкари и нивните помошници се враќаат во собата Б, за да го одржат состанокот меѓу гувернерите и да дискутираат на важни теми, заклучно до 5 часот попладне.
Кинг има доста поинаков пристап за разлика од неговиот претходник, Жан Клод Трише, поранешниот претседател на Европската централна банка. Жан Клод строго се придржувал до протоколот по кој централните банкари имаат право да говорат по редот на влијателност, што значи дека прво говореле гувернерите на Федералните Резерви, потоа претставник од Банката на Англија, па Бундесбанката и така натаму. Кинг користи тематски и еднаков пристап, овозможувајќи расправи кои ги вклучуваат сите членови оддеднаш.
Оваа група на гувернери има клучна улога во начинот на реагирање на светот на светската финансиска криза. Расправите за тоа мораат да бидат доверливи, но состаноците на експертите овозможуваат сите да ги споделат своите искуства.
Управата на BIS работи на тоа да осигура пријателска и клупска атмосфера и успева во тоа. Банката организира цела флота на лимузини кои ги собираат гувернерите од аеродромот во Цирих и ги пренесуваат до Базел. За гувернерите од националните банки, кои работат на националната економија, се организираат одвоени доручеци, ручеци и вечери, така што никој не е запоставен.
Пол Волкер, поранешниот претседател на Федералните резерви, пред странците изјавил дека многу централни банкари подобро се чувствуваат тука, за разлика во нивните влади. Поранешниот гувернер на Националната банка на Унгарија, Питер Акос Бод, изјавил дека главните теми на расправата биле квалитетот на вината и глупостите кои ги правеле министрите за финансии во нивните држави. Не е можно да се приклучите во разговорите, ако не сте запознаени со историјата на вината.
Сите гувернери кои присуствуваат на дводневниот собир, водат сметка за доверливоста, дискрецијата и безбедноста на највисоко ниво. Состаноците се одржуваат на неколку катови, и само во присутност на сите гувернери.
Швајцарските власти немаат никаква надлежност над просториите на BIS. Всушност швајцарските власти ја имаат потребната дозвола за управата на BIS за да влезат само во зградата на банката.
BIS има право да комуницира во шифри и да прима и испраќа преписки во торбите, кои не смеат да бидат отворени ниту проверувани. Банката BIS е ослободена од плаќање на швајцарски даноци. Нејзините вработени не мораат да плаќаат данок на приходите кои обично прилично се великодушни во споредба со приватниот сектор. Годишната плата на генералниот менаџер во 2011 година изнесувала 763.930 швајцарски франци. Раководителите на оддленијата добивале 587.640 франци годишно, не сметајќи го бакшишот. Исто така вработените во банката уживаат посебни привилегии.
Високите менаџери имаат статус на дипломати кога ја вршат својата должност во Швајцарија, што значи дека нивните торби не смеат да бидат прегледаниосвен во случај ако постои доказ за очигледна криминална активност. Сите претставници на банката имаат имунитет на швајцарските закони за време на своите должности во Швајцарија. Но, платите и привилегиите не се единствено што им одговараат на персоналот на овие банки. Вработените во банката доаѓаат од 50 различни држави, така што атмосферата е прилично мултинационална и космополитска. Сите се водени од чувството дека прават нешто за светско добро.
Управата на банката е подготвена за секоја ситуација, така што швајцарската полиција не мора да интервенира. Стожерот на BIS поседува медицински персонал и сопствено засолниште во случај на терористички напад или вооружен конфликт. Имотот на BIS не може да биде одземен со швајцарските закони.
BIS строго ја чува дискрецијата на банкарите. Агендата и транскриптите на состанокот не смеат да се објавуваат во никаков облик. Понекогаш дозволена е конференција за новинарите, по завршувањето на дел од нивните состаноци.
Зошто тогаш ова би требало да не интересира нас, ако јавноста веќе е запозната преку конференциите? Банкарите се состануваат откако се измислени парите. Централните банкари себе си се гледаат како високи свештеници за финансии, како технократи кои ги надгледуваат монетарните ритуали и финансиски литургии.
Сепак гувернерите кои се состануват во Базел секој втор месец претставуваат слуги на јавноста. Нивните плати, авионски карти, хотелски сметки и пензии се платени од џебот на јавноста. Националните резерви во централните банки претставуваат јавни пари. Расправите на централните банки на состаноците, инфорамциите кои се разменуваат и одлуките кои се донесуваат, се поврзани со политиката.
Тие управуваат со парите од националните економии. Тие поставуваат каматни стапки и одлучуваат колкава ќе биде вредноста на нашите штедења и вложувања. Тие одлучуваат дали треба да се штеди или не. Нивните одлуки ги обликуваат нашите животи.
Тие да речеме во шеесетите години од минатиот век, манипулирале со пазарот на златото, за да го одржат соодносот од 1,25 долари по грам, во согласност со договорот на Бретон Вудс кој го изменил меѓународниот финансиски систем по Втората светска војна.
Централните банки денеска се помоќни од политичарите. Банката BIS ор првиот ден е посветена на ширење на интересот на централните банки и реформација на меѓународните финансии.
Основачот на оваа технократска група е Пер Јакобсен, шведски економист кој бил економски советник на BIS од 1931 година до 1956 година.
Јакобсен бил меѓу првите поддржувачи на европскиот федерализам. Тој се противел на инфлацијата, претераното трошење на влстите и државните интервенции во економијата. Јакобсен ја напуштил BIS во 1956 година, за да почне да го води ММФ. Неговото наследство и денеска го обиколува светот.
Поборниците на BIS ги негираат тврдењата дека организацијата е тајна. Архивите на банката се отворени и можат да се прегледаат на страниците на банката. Но, во прашање се воглавно изводи и анализи, информации кои веќе се достапни во јавноста. Деталните клучни активности на банката и понатаму остануваат тајна.
Интересно е што многу луѓе воопшто не слушнале за Банката за меѓународно порамнување BIS, а тоа е чудно поради тоа што тоа е најважната банка на светот, поважна дури и од ММФ и Светска банка. Таа веќе со децении се наоѓа во центарот на глобалната мрежа на пари, моќ и тајно глобално влијание.
Банката BIS е основана во 1930 година. Таа првично е основана како дел од планот за управување со германските исплати и оштети по Првата светска војна. Главните основачи на банката биле Монтагу Норман, поранешниот гувернер на Банката на Англија и Хјалмар Шахт, претседателот на „Reichsbank“. Влогови за основање приложиле централните банки на Велика Британија, Франција, Германија, Италија, Белгија и Јапонија. На Федералната банка на САД исто така им било понудено да приложи влог, но властите во САД биле по малку сомничави околу целата работа.
Првата цел на BIS била потикнување на соработка на централните банки основање на дополнителни установи за меѓународни финансики операции. Целта била, централните банкари да добијат своја банка, моќна и независна од политичарите. Во секој случај, банката BIS отсекогаш се финансирала самата себе си, со оглед на тоа дека нејзините клиенти истовремено се и нејзини основачи и акционери.
Во периодот од триесетите години од минатиот век, банката BIS била главно место за собирање на централните банкари. Токму оваа група помогнала на Германија повторно да застане на нозе. За време на војната, BIS станала дел од „Reichsbank“ и го прифаќала украденото нацистичко злато и вршела странски размени за нацистичка Германија.
По 1945 година, пет директори на банката BIS, вклучително и Хјалмар Шахт се обвинети за воени злостори. Германија ја изгубила војната, но остварила економски мир, најмногу благодарение на банката на BIS.
Во текот на првите 47 години постоење, од 1930 година до 1977 година, централната банка BIS, била стационирана во поранешен хотел, недалеку од централната железничка станица во Базел. Влезот во банката бил скриен со продавница за чколада. Менаџерите на банката сметале дека тие кои требале да ја најдат, ќе успеале да ја пронајдат банката.
Банката подоцна во 1977 година, се преселила во седиштето на Централнабанплац 2. Ова место било во близина на претходното и исто така се имало поглед кон централната станица во Базел. Денешната мисија на банката BIS е да им служи на централните банки на патот кон монетарната и финансиска стабилност, да ја негува меѓународната соработка во сите подрачја и да делува како банка на централните банки.
Банката на BIS е единствена институција, меѓународна организација и екстремно профитабилна банка, заштитена со меѓународен договор. Главните задачи на централната банка се раководењето со кредитите и количината на пари во промет, нешто што го осигурува стабилниот бизнис на вистинско ниво. Тоа е клучно за глобализираната економија.
Банката BIS исто така помага при надгледувањето на комерцијалните банки, иако над нив нема правна моќ. Одборот за надгледување на банкарството во Базел го регулира капиталот и ликвидноста на деловните банки.
Бундесбанк и Европската централна банка, двете најмоќни членки на BIS започнале манија за мерките за штедење, кои веќе доведоа да една европска држава, Грција, да е на работ на преживување. Можно е да следат уште такви држави.
Банката BIS се наоѓа на врвот на меѓународниот финансиски систем кој се распаѓа, но нејзините претставници тврдат дека таа нема моќ да делува како регулатор на финансиите. Сепак, банката BIS нема да ја избегне својата одговорност за кризата во еврозоната.
BIS од четириесетите години од минатиот век, па се до воспоставувањето на Европската централна банка во 1998 година се наоѓа во срцето на европските институции, овозможувајќи им техничка стручност и финансиски механизми за хармонизација на валутата. Таа во педесетите години од минатиот век, управува со Унијата на европски исплати, која платниот систем го довела на меѓународно ниво. Таа е управувана од Европскиот монетарен институт, првенствено од Европската централна банка.
Оваа банка станала централен столб на глобалниот финансиски систем. Покрај состаноците за глобалната економија, BIS е место за одржување на уште четири најважни меѓународни комитети поврзани за глобалното банкарство. Комитетот за надгледување на банкарството во Базел, Комитетот за глобален финансиски систем, Одборот за исплата и договор и Ирвинг Фишер комитетот, кој се занимава со статистиката на централните банкарства.
Банката исто така е место каде се собираат три независни организации. Двете групи кои се занимаваат со осигурвање и Одборот за финансиска стабилност (FSB), кој управува со националните финансиски власти и регулаторните политики, се наведени како четвртиот столб на глобалниот финансиски систем, покрај BIS, ММФ и деловните банки.
Банката BIS сега е 30 во светот по залихите на златни резерви, поради тоа што поседува 119 тони злато, повеќе од Катар, Бразил и Канада.
Членството на BIS е повеќе привилегија отколку право. Одборот на директори ги бира централните банки на темел на суштинскиот допринес на меѓународната соработка и активностите на банките. Кина, Индија, Русија и Саудиска Арабија се приклучиле во 1996 година. Банката отворила свои канцеларии во Мексико Сити и Хонг Конг, но сеуште таа е еуроцентрична.
Естонија, Латвија, Литванија, Македонија, Словенија и Словачка (чии жители изнесваат 16.2 милиони) се примени, но Пакистан со 169 милиони жители не е. Казахстан исто така не е примен затоа што е во сверата на влијание на централна Азија. Само Алжир и Јужна Африка се членки со потекло од африканскиот континент.
Сепак и покрај својата важна улога, банката BIS успеала да остане во сенка. Новинарите не можат ни да се доближат до штабот, а претставниците ретко говорат за резултатите од состаноците. Пред штабот на банката BIS е сосема мирно, нема никакви демонстранти.
Кога светската економија тоне во се подлабока криза, финансиските институции се критизираат како никогаш претходно. Легија на новинари, блогери и истражители го следат секој потег на банката. Но, банката BIS некако успева да го избегне медиумското внимание.
Дали сега ви е јасно како настанала кредитната криза во Европа, поврзана со швајцарскиот франк. Сигурно не настанала по некоја случајност.
Тајлер Дарден (zerohedge.com)