Британецот Роберт Боб Хатавеј (66) умрел под тајни околности во домот што го делел со уште две девојки. Боб живеел одвоено од својата сопруга, која чекала бебе со друг човек.
Пријателите велат дека Боб живеел егзотичен живот и бил познат меѓу заедницата на едриличари и хотелиерите. Неговото безживотно тело било пронајдено на 13 јануари. Тој лежел на крвавите чаршафи на креветот во неговиот дом на Света Луција, на островот на Карипското Море, пренесува британски „Сан“.
#UK expat found dead left two bisexual GFs, wife as widows – Reporthttps://t.co/kwD2FG32qC pic.twitter.com/9Yx5zAnunw
— Sputnik (@SputnikInt) January 20, 2019
Полицијата го нашла легнат на креветот, а неговото лице било покриено со перница. Веднаш била покрената истрагата по повод мистериозната смрт. Службите велат дека засега немаат осомничени со одржливи мотиви за злосторот, но една од трагите би можела да биде поврзана со некоја од жените со кои тој се забавувал.
„Жените секогаш биле негова слабост“, прокоментирала Марквен Џејмс (23), неговата сопруга, со која Боб се разделил.
Таа дознала дека Хатавеј починал кога анонимна личност со пристап до полициските досиеја покажала фотографии од местото на злосторот.
Saint Lucia police want to speak to “bisexual roommates” of murdered Robert ‘Bob’ Hathawayhttps://t.co/4tSjaLlT6o
— St Lucia News Online (@slunewsonline) January 19, 2019
Џејмс имала само 17 години кога го запознала Боб. Двајцата се разделиле кога таа го изневерила и затруднела од друг човек. Двајцата останале во добри односи и покрај неверството кое Џејмс го направила. Џејмс вели дека нивниот брак бил „отворен“, а Боб знаел дека таа сакала деца, кои тој не можел да ѝ ги даде.
„Боб секогаш го привлекувале помлади девојки. Ги обожаваше. Во нив наоѓаше задоволство и утеха. Само таквите го интересира“, изјавил неименуван полицаец кој тврди дека бил близок семеен пријател со него.
Боб ја делел куќата со уште две девојки за кои засега не е познато колку се стари. Меѓу локалната заедница се познати како Ким и Лиз. Боб се допишувал со нив преку Фејсбук и им се обраќал како „бисексуална двојка“. Од преписките се гледа зошто така ги нарекувал.
„Да живее само една девојка со мене би било досадно, во најмала рака овој договор изгледа логично и веќе два месеца функционира. Помага и тоа што тие не сакаат да носат облека“, напишал Боб.
Весникот „Тајмс“ наведува дека Боб речиси две децении живеел на островот и пловел со марината „Марго Беј“. Се занимавал и со туризам. Боб бил вмешан и во локалната политика. Особено се борел против одобрувањето визи на богати странци. Велел дека на тој начин се отвора вратата за криминалното перење пари.
За денот на погребот засега не се знае ништо, а се очекува да биде одржана приватна церемонија.
Текстот Британец најден мртов во својот дом, неговата сопруга е прва осомничена е превземен од Reporter.mk.