Алекс Кинг и неговата партнерка Ана тврделе дека биле наднати со истиот нервен агенс новичок, со кој минатата година беа отруени поранешниот руски шпион Сергеј Скрипаљ и неговата ќерка Јулија.
Двојката вели дека нападот се случил само шест месеци по убиството на Скрипаљ, а истиот го извршиле руски тајни агенти на Путин. Нападот се случил за време додека вечерале во италијанскиот ресторан „Прецо“ во Салзбери.
Алекс, кој е роден во Русија, сега вели дека е во бегство од законот поради обвинувањата за дилање дрога. На него му се заканува затвор поради трговија со дрога вредна 68.500 евра. Тој е осуден во отсуство на основа на доказите дека бил дилер на повеќе видови наркотици. Меѓу останатото и кокаин и екстази.
Кога полицијата упаднала во неговиот стан во Лондон, открила два сефа во кујната. Во едниот од нив, кој Алекс го отворил на нивно барање, имало подготвени голем број пакети со кокаин и други дроги. На масата имало и дигитална вага, неопходна за продавање.
Еден од обвинетите кој исто така е вмешан во трговија со дрога заедно со Кинг, Жил Балжит вели дека Алекс се познавал со голем број вип-личности, како актерот Том Харди и манекенката Наоми Кембел.
Novichok fraudster, 42, who claimed he and Russian partner were poisoned at Salisbury Prezzo is on the run after failing to show at court to be convicted of dealing drugs worth £60,000 https://t.co/xOAy89A9ts
— The_News_DIVA (@The_News_DIVA) January 22, 2019
И адвокатите од одбраната велат дека Алекс Кинг е еден вид плејбој, како и дека често посетувал секс-журки заедно со познати личности. На судењето биле покажани фотографии на кои Алекс позира со славните личности пред нивните луксузни автомобили.
Исто така биле кажано дека на неговиот телефон биле откриени фотографии направени за време на рацијата во неговиот дом, а го поврзале и со оргии „секс-журки со високо друштво“. Алекс исто така бил означен и како некој кој договарал деловна придружба, користејќи ја неговата партнерка Ани Шапиро.
„Постојат докази дека неговата партнерка работела како деловна придружничка во високо друштво. Таа наплатувала и по стотина фунти за своите услуги кои ги рекламирала на сајтовите за ескорт агенции“, вели адвокатот.
Двојката се нашла во центарот на внимание во септември кога биле во Салзбери каде што создале паника тврдејќи дека биле отруени со нервниот гас новичок.
„Ана Шапиро тврдела дека ги бркаат руски агенти на тајната служба и дека биле жртви на труење. Ана вели дека Кинг бил во многу лоша состојба, но, за среќа, не бил отруен. Кинг бил ослободен од болницата само два дена откако бил примен“, вели адвокатот.
Текстот Британски дилер со партнерката тврдат дека биле отруени од тајни агенти на Путин е превземен од Reporter.mk.