Британски научник тврди дека климатските промени ја уништуваат планетата

Британскиот научник Дејвид Атенборо предупредува дека поради климатските промени предизвикани од човечка активност, Земјата се променила толку брзо и коренито, што сега се соочуваме со ризикот од нејзино уништување.

Како што пишува порталот Science Alert, Атенборо вели дека во моментов светот се има дој тој степен променето што научниците велат дека сега се наоѓаме во нов геолошки период кој го нарекуваат „Ерата на луѓето“.

„Една промена за која модениот човек знае е дека се менуваме многу, многу брзо“, изјавил Атенборо.

Етенборо е човек познат по тоа што ја има примено наградата Crystal на Светскиот економски форум во Давос.

Тој вели дека во моментов е лесно да се игнорираат доказите и да се продолжи по старите навики.

„Мораме да престанеме да се обвинуваме еден со друг и да превземеме нешто конкретно“, вели Атенборо.

За да ја илустрира својата теза, тој укажал на промените кои се случиле во неговиот живот.

„Јас доаѓам од втората геолошка ера. Роден сум во периодот Холоцен, период на климатска стабилност од 12.000 години кој им овозможила на луѓето да основаат населби, да одгледуваат стоки и да создадат цивилизација. Тој период сега е завршен. Еденската (рајска) градина повеќе не постои“, вели Атенборо.

 

 

Текстот Британски научник тврди дека климатските промени ја уништуваат планетата е превземен од Reporter.mk.