Вирџинија Роберс била една од жртвите на педофилот Џефри Епстајн, која во своето прво телевизиско интервју открила дека принцот Ендру знаел дека таа била малолетна, пред да реши да има секс со неа.
Во интервјуто, Вирџинија раскажува за интимниот однос кој го имала со синот на британската кралица Елизабета II, за кој вели дека се случил во клуб на актуелниот американски претседател Доналд Трамп.
„Тоа се случило во 2001 година кога таа имав само 17 годни. Бевме во вип делот на клубот на сегашниот американски претседател Доналд Трамп. Во тие моменти не бев свесна дека јас ќе бидам таа која ќе биде жртва. Ендру ми понуди вотка и почна да ме бакнува“, изјавила Вирџинија.
Во нејзините мемоарите таа напишала дка Гоислејн Максвел, богатата наследничка на медиумскиот магнат Роберт Максвел, ја запознала со принцот. Максвел е девојката која му била подведувачка на Епстајн и му наоѓала малолетните девојки на милијардерот.
Кога за првпат се запознале Вирџинија вели дека играле игра со погодување за нејзините години. Принцот Ендру точно погодил дека таа има 17 години.
Во разговор за „НБЦ Њуз“, Робертс тврдела дека Маквел е таа која ја замолила да се однесува со принцот на ист начин како и со Епстајн. Принцот Ендру ги отфрлил ваквите обвинувања, наведувајќи дека се лажни.
(Видео) Сара скокнала во морето полно со ајкули за да се спаси од педофилот Епстајн
Текстот Британскиот принц знаел дека има секс со малолетничка, тврди една од жртвите Вирџинија Робертс е превземен од Reporter.mk.