Многу научници сметаат дека луѓето во иднина ќе го населат Марс. Познатиот канадски астронаут Крис Хадфилд открива дека тоа досега било можно да се изведе, но сепак постоеле оправдани причини поради кои, досега човечката нога не зачекорила на Црвената планета.
„Технологијата која не доведе на Месечината, би можела да не однесе и на Марс“, изјавил астронаутот, кој во вселената минал 166 дена.
Humans could have #travelled to #Mars ‘decades ago’. Astronaut Chris Hadfield says manned mission to Mars has been possible for decades. Former ISS commander claims technology to put humans on red plane has existed since 1960s | The Week UK https://t.co/KQJ9vWP25Y
— Carles Dijous (AAlb) (@carlesdijous) 10 July 2018
Вернхер фон Браун, кој ја развил ракетата „Сатурн V“, работел и на плановите за човечката мисија на Марс уште во 1952 година. Но, едно е да имате ракета со која би можеле да го изведете ваквиот потфат, а друго е прашањето колку е лесно тоа за изведба и вреди ли да се ризикува животот за такво нешто. Сите тие прашања важат и за новите создадени летала.
Сепак, како што изјавил овој астронаут, дури и да било можно да се оди на Марс, тоа не значи дека би било лесно, безболно и вредно да се ризикува човечкиот живот.
„Повеќето астронаути кои би ги испратиле на тие мисии, не би ја завршиле мисијата. Би умреле“, изјавил тој.
Браун порачува и дека ризиците кои постоеле тогаш, постојат и сега, но дека во изминатите децении научниците сватиле дека постојат и долгорочни опасности по патувањата во вселената, како долготрајното излагање на космичкото зрачење.
И додека Месечината е оддалечена само неколку дена лет, мисијата на Марс со враќањето до Земјата би траела од 500 дена до три години.
„Тоа е огромно време во кое астронаутите би биле изложени на зрачење, можни експлозии, глад и други проблеми, а технологијата која би ги намалила или отстранила ваквите проблеми, засега не е на задоволително ниво“, изјавил астронаутот.
Тој мисли на лесните и делотворни заштити од зрачењето, капсулите за хибернација или биолошките системи за одржување на животот.
И покрај сите опасности, тој се надева дека луѓето ќе слетаат на Марс и дека ќе се обидат да го колонизираат.