Човештвото се подготвува за преселба на други егзопланети

Европската вселенска агенција го лансираше сателитот Кеопс (CHEOPS – Characterising ExOPlanets Satellite) телескоп чија мисија ќе биде да ги проучува егзопланетите. Тој е лансиран во Јужна Америка од местото Куру во Француска  Гванеја во 9:45 часот по централно европско време на руската ракета Сојуз.

Леталото е лансирано 24 часа задоцнување, откако биле утврдени проблеми во софтверот. Европската вселенска агенција навела дека тоа ќе биде првата мисија на сателитот, чија цел ќе биде проучување на блиските светли ѕвезди, за кои е познато дека имаат планети.

Од вселенската агенција се надеваат дека податоците кои ќе ги добијат ќе им овозможат да ја проучат густината на овие планети, што претставува прв чекор во нивното подобро разбирање.

Телескопот ќе го насочат на светлите ѕвезди, за да ја утврдат големината на повеќето планети, додека минуваат пред нивните ѕвезди домаќини. Швајцарскиот астроном и добитник на Нобелова награда за физика Дидије Келоз, кој го предводи научниот тим Кеопс, за „Асошиетед прес“ изјавил дека мисијата ќе биде насочена кон 100 од преку 4000 егзопланети, кои се надвор од нашиот соларен систем, а кои биле пронајдени досега.

Делумно преку мисијата ќе се обидат да дојдат до податоци за тоа дали може да постои живот на другите планети, како овој на Земјата.

„Ние сме еден планетарен систем меѓу многу други. Сето тоа има врска со нашето место во универзумот кое се обидуваме да го разбереме. Вселенскиот телескоп ќе ги анализира густината и радиусот на егзопланетите и ќе утврди дали имаат атмосфера“, изјавил Келоз.

„Не знаеме ништо за нив, освен дека се таму“, додал Келоз.

 

Текстот Човештвото се подготвува за преселба на други егзопланети е превземен од Reporter.mk.