Тајната безбедносна американска известувачка агенција ЦИА го шпионира целиот свет, освен Обединетите Арапски Емирати, велат извори од агенцијата. И покрај тоа што оваа земја се обидува да го финансира воениот лидер кој се обидува да ја сруши владата во Либија, земја призната од УАЕ, ЦИА не ја шионира оваа земја.
Покрај тоа што го финансираат воениот лидер кој се обидува да ја сруши владата во Либија, УАЕ ја предводи коалицијата држави кои наметнале економска блокада на Катар, и покрај повиците на САД состојбата да се разреши што е можно побрзо. УАЕ вработуваат поранешни работници од американската Национална безбедносна агенција.
Вработените од (НСА) ги користат како хакери за шпиунските програми чии мети се и Американци, открива истрагата на светската агенција „Ројтерс“. Сепак и покрај сето наведено, во крајна необична пракса, американската Централноизвестувачка агенција (ЦИА) нема намера да ја шпионира владата на Обединетите Арапски емирати.
Многу аналитичари велат дека се работи за опасна слепа точка на американската известувачка агенција. Ваквото однесување на ЦИА не е ништо ново, велат тамошни извори. Тоа што е променето е природата на однесување на оваа нација, која е богата со нафта во земјите ширум Блискиот исток и Африка.
И покрај водењето војни, прикриени опеарации и користењето на нејзиното финансиско движење за преобликување на регионалната политика на овие простори, на начини кои често се спротивни на американските интереси, САД сепак немаат намера да ги следат активностите на властите во оваа земја, велат експертите.
Неуспехот на ЦИА да се прилагоди на растечките воени и политички амбиции на УАЕ претставува занемерување на должностите, изјавил еден поранешен службеник на ЦИА. Американската известувачка агенција во целост не ја игнорира УАЕ. НСА спроведува електронски надзор, собира известувачки податоци од УАЕ за заеднички непријатели, како што се Иран или Ал Каеда, велат извори од ЦИА.
Но, ЦИА нема намера да собира човечки информации, кои се највредни и најтешки за откривање. САД нема намера да зема информации од информатори од УАЕ за нејзината автократска влада, велат тројца поранешни лица вработени во ЦИА.
ЦИА, НСА и Белата куќа одбиле да ја коментираат американската пракса за шпионирање во УАЕ. Министерството за надврешни работи на УАЕ и нејзината американска амбасада не одговориле на барањата за коментари. Оваа пракса на ЦИА за која претходно не се пишувало во медиумите, земјата УАЕ ја става на исклучително краткиот список на земји во кои агенцијата користи сличен пристап, велат добри познавачи на состојбите во ЦИА.
Покрај УАЕ овој список е дополнет и со земјите Австралија, Нов Зеланд, Обединетото Кралство и Канада. Шпионите на ЦИА собираат човечки информации од речиси секоја друга држава во која САД има значајни интереси. Според четворицата поранешни вработени во ЦИА, меѓу нив се и некои од клучните сојузници на САД.
Најблиската спротивност на УАЕ може да биде Саудиска Арабија. Уште еден влијателен американски сојузник на Блискиот исток кој произведува нафта и собира американско оружје. За разлика од УАЕ, Саудиска Арабија често е на мета на ЦИА, велат изворите.
Садуските известувачки агенти, фатиле неколку агенти на ЦИА кои се обидувале да регрутираат саудиски официјални лица како свои доушници, велат изворите. Садуските известувачки агенции не се жалат на обидите на ЦИА да шионираат, туку приватно се состануваат со шефот на агенцијата во Ријад, за да средат тие припадници на ЦИА бидат мирно извлечени од земјата, вели поранешен официјален известувач од Саудиска Арабија.
Роберт Баер, поранешен агент на ЦИА, го нарече недостатокот на собирање на човечки информации во УАЕ, чисто промашена политика на САД. На американските власти им се потребни најдобрите можни информации за внатрешната политика и семејните конфликти во монархијата на Блискиот исток.
„За некој кој се однесува дека е светска служна, оваа политика е чисто промашување. Кралското семејство е од пресудно значење“, вели Баер.
Поранешен вработен во администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп, изјавил дека недостатокот на известувачки податоци е алармантно, затоа што пустинската монархија сега делува како одметничка држава во списокот на стратешки земји, како што се Либија, Катар и некои земји во Африка.
Во Судан, УАЕ потроши милијарди долари поддржувајќи го долгогодиниот претседател Омар Хасан ал Башир, а потоа го напушти и ги поддржа неговите непријатели. Силите за безбедност на новата влада во јуни убиле десетина демонстранти кои се залагале за цивилна власт и избори.
УАЕ тогаш изградила воени бази во Еритреј и самопрогласената Република Сомалиланд.
„Превртите ја било која карпа во Африка и таму ќе најдете некој од УАЕ“, изјавил поранешниот вработен во администрацијата на Трамп. УАЕ се етаблирала како финансиска и воена сила и надвор од своето соседство“, изјавила Сара Ли Витсон, извршната директорка од одделението на „Хјуман рајтс воч“, за Блискиот исток и Африка.
„Било да се работи за Сомалија или Јемен, УАЕ не бара дозвола“, вели Сара.
Јемен, УАЕ и Саудиска Арабија се земји кои ја предводеле коалицијата на нации кои се борат против хитските бунтовници ки се свртени против Иран. УАЕ неодамна почна да ги повлекува трупите и покрај меѓународните критики за воздушните напади кои усмртија илјадници цивили и довеле до хуманитарни кризи.
Конгресот на САД неодамна ја усвои резолуцијата за спречување на продажбата на оружје во Саудиска Арабија и УАЕ, но претседателот на Трамп стави вето на ваквата мерка. Владата на УАЕ потрошила 46.8 милиони долари на лобисти во Америка, од 2017 година, објавил Центарот за одговорна политика.
Еден од тројцата поранешни службеници на ЦИА кои ги познавале операциите во УАЕ, изјавил дека известувачките информации во неговата влада се потребни од причини кои ја надминале нејзината регионална интервенција.
УАЕ воспоставила блиски односи со Русија, вклучувајќи широко стратешко партнерство потпишано минатата година за соработка во безбедноста, трговијата и нафтениот пазар. Ваквата соработка е воспоставена и со Кина, каде шеикот Мохамед бин Зајед, престолонаследникот на Абу Даби организирал економски форум.
Некои експерти за национална безбедност велат дека нивната усогласеност во полтиките и интересите е и доволно од повеќе за да се објасни недостатокот од шпионирање.
„нивните непријатели се и наши непријатели. Акциите на Абу Даби допринесоа за војните против тероризмот, особено против Ал Каеда во Јемен“, изјавил Нормал Рук, пензиониран службеник на ЦИА, говорејќи за состојбите во Иран и Ал Каеда.
Страв од демократија и политички ислам
Престолонаследниот на Абу Даби ја контролира надворешната политика на УАЕ и федерацијата на пустинските емирати. Тој го поставил својот брат шеик Танун бин Зајед за советник за национална безбедност. Неговиот син шеикот Калид бин Мухамед ја води мрежата за надзор во земјата.
Растечкиот интервенционизам во УАЕ почнал од 2011 година, за време на таканаречената „Арапска пролет“ и протестите кои довеле до смена на владата во регионот. Џоди Витори од фондацијата за меѓународен мир „Карнеги“ вели дека „Арапската пролет“ предизвикала загриженост во владата на УАЕ.
Лидерите на Емиратите ги гледале демонстрациите како закана за владејачкиот монарх. Од тогаш тие се борат против пораст на политичкиот ислам и Муслиманското братство, меѓународните исламистички партии кои за кратко се подигнале на власт во Египет, по протестите во 2011 година против претседателот Мубарак.
Витори од фондацијата „Карнеги“, вели дека постојат некои постојани заеднички цели меѓу Америка и владата на УАЕ, но вели дека тие интереси се разидуваат, кога монархијата УАЕ ќе се фокусра на самозаштита.
„Кога целта за опстанок на режимот ќе стигне до крајно ниво и кога таа ќе нема цена, тогаш неговата цел можеби не секогаш ќе се усогласи со крајните интереси на САД“, вели Витори.
УАЕ ја прекинаа финансиската поддршка во Египет, кога Мохамед Морси бил избран за претседател во 2012 година, а потоа, година дена подоцна, кога египетската војска го срушила Морси, биле испратени милијарди долари помош.
Текстот ЦИА го шпионира целиот свет освен Обединетите Арапски Емирати е превземен од Reporter.mk.