Документите кои неодамна ги објави ЦИА, покажуваат дека САД му помогнале на ирачкиот претседател Садам Хусеин да го нападне Иран со хемиски отров во 1988 година.
Според пишувањето на американскиот сајт „Форин полиси“, американската војска и известувачките сили знаеле за тоа, но ништо не превземале за да ги спречат ваквите серија напади со нервен и отровен гас.
За време на војната меѓу Ирак и Иран во 1988 година, преку сателитски снимки САД дошле до податоци кои покажуваат како Иран стратешки напредува користејќи ја слабоста во ирачката одбрана.
Во исто време американските известувачки сили на Садам му ги откриле сите позиции на иранските трупи, свесни дека силите на диктаторот ќе нападнат со хемиско оружје, меѓу кои и „сарин“, смртоносниот нервен гас.
Известувачките податоци вклучувале и фотографии и мапи од потеклото на иранските сили, локации на кои се наоѓала иранската логистика и противоздушната одбрана. Како што е наведено, Ирак употребил „сарин“ во четири напади на почетокот на 1988 година, а тие напади биле снимени од американските сателити.
Целите ги има на воените мапи заедно и со останатите известувачки податоци. Истите тие податоци им помогнале силите на Садам за војната да ја свртат во своја корист и да го присилат Иран да седне на преговарачка маса.
Политиката на Ирак доживува успех. Тука се наредени и низата напади со хемиско оружје кои траеле неколку години и за кои знаела тогашната администрација на претседателот Роналд Реган.
Долго време, американските официја лица негирале дека немале ништо со ирачкиот хемиски напад, тврдејќи дека владата на Садам Хусеин никогаш не најавила дека ќе употреби такво оружје.
Сепак изјавите на пензионираниот воздухопловен полковник Рик Франк, кој бил воен аташе во Ирак, за време на тие напади во 1988 година, оставвиле поинаков впечаток.
„Ирак никогаш не ни кажа дека има намера да користи нервен гас. Но, не ни мораа, ние тоа веќе го знаевме“, изјавил Рик.
Во објавените документи на ЦИА ги има и интервјуата со поранешни известувачи. Во нив може да се види дека САД имал докази и знаел за ирачкиот напад, кој почнал уште во 1983 година. Во тоа време и самиот власти во Иран јавно тврделе дека ќе има напад со хемиско оружје и составиле документација за да ја претстават во Обединетите нации.
Во тие извештаи, кoи би биле дел од тајни документи испратени на највисоките претставнци на американските известувачки служби, недостасувале докази за вмешаноста на Ирак.
ЦИА одбила да ги коментира ваквите наводи. Спротивно на тековната расправа, треба ли Америка да интервенира за да ги спречи наводните сириски напади со хемиско оружје, Вашингтон пред три децении останал рамнодушен на фактот дека Садам на големо користел хемиско оружје против непријателот, но и против сопствениот народ.
Документите откриваат дека администрацијата на Реган донела заклучок, дека е подобро да дозволи ваквите напади да продолжат, отколку да направи пресврт во текот на војната. Дури и ако би биле откриени, ЦИА сметала дека би можела да ги контролира меѓународните осуди и бес.
Во објавените документи, се открива тврдењето на ЦИА, дека Иран немал доволно цврсти докази за употребата на хемиското оружје од страна на Садам, иако оваа агенција ги поседувала истите.
ЦИА исто така го потсетила Советскиот сојуз дека користењето на хемиско оружје во Авганистан, било без значителни последици. Претходно се пишувало и за помошта на американските известувачи во Ирак, која се случувала во исто време, кога официјални лица на САД го сомничеле Садам дека употребува хемиско оружје.
Во документите на ЦИА, се наоѓале купчиња декласифициран материјал, во комбинација со изјави на поранешни официјални служби. Сите овие документи фрлаат ново светло во американското учество во нападите со отровен гас.
Највисоките официјални лица на САД, редовно биле известувани за обемот на нападите со нервен воен отровен гас и имаат еднаква тежина како и официјалното признание за соучество во некои од најужасните напади со хемиско оружје во историјата.
Тие сведочат дека американските официјални лица редоно биле информирани за нивото на напад со нервен гас. Официјалните лица на ЦИА, вклучувајќи го и директорот Вилијам Кејси, инаку близок пријател на Роналд Реган, бил известуван за локацијата на ирачките постројки за монтажа со хемиско оружје.
Како што е наведено, официјалните лица биле предупредени и дека Иран би можел да почне бранови на напади против американските позиции на Блискиот исток, вклучувајќи и терористички напади.
Текстот ЦИА му помогнала на Садам во конфликтот со Иран е превземен од Reporter.mk.