ЦИА со сателит го бара бродот на Ное

Приказната за арката на Ное ја поттикна ЦИА да ги бара остатоците од овој брод користејќи шпиунски сателит. Агенцијата сателитот го постави над планината Арарат, каде според Библијата, се наоѓал бродот на Ное по потопот.

Според откриените документи, ЦИА поверувала во приказната за Ное и големиот потоп кој ги уништил сите грешници и по кои преживеале само Ное, неговото семејство и по еден пар од сите животни на земјата.

Ако арката се пронајде, таа битно би ги променила сваќањата за историјата на човештвото и би докажала дека во Библијата сосема реално е прикажан целиот настан.

Експертите на ЦИА го пребаруваат теренот, а има истражувачи кои тврдат дека пронашле делови од овој древен брод.

ЦИА според документите имала и поддршка од некои членови на Конгресот на САД. Британски „Дејли Стар“ имал увид во барем 5 документи кои се занимаваат со оваа тема.

 

 

Два конгресмена и два сенатори на САД дури од ВИА побарале детални информации за истражувањето на планината Арарат. Според снимките од сателитот користени се и оние кои ги направил шпионскиот авион U-2. Сепак некои од снимките поради ниската облачност се прогласени за неупотребливи.

Арарат планината е со вулканско потекло преку 5000 метри, и се наоѓа во Турција. На врвот според христијанското предание, се наоѓа арката на Ное. Според Библијата, таа по потопот пловела 40 дена за да на крајот заврши на врвот на планината.

Според мислењето на научниците големиот потоп е тешко замислив, но христијанските теолози даваат точни димензии на пловилото и сметаат дека бродот бил 134 метри долг, 22 метри широк и 10 метри висок.

И останатите приказни од Библијата ги интригирале научниците, па така минатиот месец е пронајден доказ за излегувањето на Евреите од Египет.

 

Текстот ЦИА со сателит го бара бродот на Ное е превземен од Reporter.mk.