Украинката Гана Зуизин, позната во земјата како „црната вдовица“, била обвинета за убиство на својот сопруг британскиот милионер Бери Принг. Гана надимакот го добила откако во 2007 година во јавноста се раширила веста дека таа имала во план да го убие својот сопруг за да му ги земе парите.
Гана по вечерата со Бери во познат ресторан, го оставила сопругот на погрешната страна од улицата да чека такси. Британецот кој во тие моменти бил пијан, останал сам, а Гана се вратила во ресторанот каде наводно си ги заборавила ракавиците.
Во тие моменти автомобил со голема брзина удрил во Бери, по што Британецот загинал на лице место. Неговиот брат ја обвинил Гана дека имала во план да го убие и дека е во брак со него само заради парите. Блиски пријатели на Бери исто така ја обвиниле Гана дека е вмешана во убиство.
Украинската полиција спровела нова истрага, но оттаму велат дека не станува збор за убиство и дека братот и пријателите на Бери лажно ја обвиниле Гана.
Во текот на истрагата еден од очевидците на несреќата изјавил дека забележал возило кое се движело со голема брзина, со исклучени светла како удира во Бери, но полицијата ги отфрлила и ваквите тврдења затоа што имало голем број на противречности во изјавата.
Поради овие причини украиснката полиција овој случај не го третирала како убиство со предумисла, туку како случај на бегање од местото на злосторот. Украинската полиција во своето соопштение упатено до јавноста објасниле дека возилото кое го усмртило Бери имало украдени регистарски таблици.
Текстот „Црната вдовица“ го убила сопругот за пари, обвинува семејството е превземен од Reporter.mk.