Новинарот Џереми Пакман во новиот документарец открива дека принцезата Дајана би можела да ја преживее сообраќајната несреќа доколку била врзана со безбедносен појас.
Во интервјуто кое го направил со паталогот Ричард Шепард, тој објаснува дека принцезата веројатно по страшниот судар во тунелот, Лејди Ди би поминала само со неколку ситни модрици и скршеници ако била врзана.
„Дајана би минала само со неколку ситни модрици или евентуално во најлош случај ќе ѝ била скршена раката“, изјавил лекарот Шепард во новиот документарец. Дајана починала во несреќата која се случи во 1998 година, кога нејзиниот возач Анри Пол изгубил контрола над возилото во тунелот Понт де л’Алма во Париз.
Британците во 2005 повторно ги анализирале остатоците од автомобилот и утврдиле дека само појасот на Дајана не работел, иако се верува дека се расипал по ударот на „мерцедесот“ во столб.
Француските истражувачи во 1998 година објавиле дека сите појаси биле во функција, но дека Дајана и нејзиниот партнер Доди ал Фаед нè сакале да бидат врзани.
Со анализа на остатоците од „мерцедесот“ со кој се возела Дајана било утврдено дека автомобилот пред несреќата во парискиот тунел имал контакт со бело „фиат уно“, што оставило траги од боја. Мохамед ал Фаед, таткото на Доди, тврдел дека „фиатот“ намерно бил поставен за да му го блокира патот на „мерцедесот“, но белиот автомобил никогаш не бил пронајден.
Во сведочењето на 2003 година, Мохамед ал Фаед изјавил дека тунелот Понт де л’Алма, каде што се случила несреќата, бил опремен со најмалку 10 безбедносни камери. Сомнително е што ниедна од камерите не го снимила моментот кога „мерцедесот“ удрил во столб, поради што Фаед тврдел дека намерно биле исклучени.
Во новиот документарец е објаснета и врската меѓу Лејди Ди со принцезата Ана, сестрата на нејзиниот сопруг и принцот Едвард помладиот брат на принцот Чарлс. Во документарецот е објаснето дека Дајана сè обидувала да ги избегне сите настаните на кои присуствувале Ен и Едвард.
Во документарецот е објаснето дека поранешната принцеза со своето присуство, едноставно ги засенувала останатите членови на кралското семејство.
„На принцезата Ен не ѝ се допаѓало тоа што Дајана ги користела камерите и медиумите за да се промовира себе сѝ. Ен имала традиционален пристап кон монархијата, како и кралските должности“, вели Паксман.
Освен со неа, Лејди Ди не сè согласувала ниту со принцот Едвард. Извори блиско до кралското семејство, велат дека Дајана уште од детството се познавала со другиот брат на принцот Чарлс Ендрју. Заедно играле на имотот Сандрингхам, а додека принцот бил во војска, Дајана редовно му испраќала писма и го известувала за семејството.
Покојната принцеза имала проблем и со нејзината мајка Францес Шанд Кид која починала во 2004 година на 68 годишна возраст. Нивниот последен разговор не поминал многу пријатно. Принцезата била до тој степен изнервирана, што сѝ ветила самата на себе сѝ дека никогаш повеќе нема да разговара со нејзината мајка.
„Гласпот на госпоѓа Францис бил пригушен, но она што успеав да го слушнам беше бурната реакција, пцовките и потресните случувања за принцезата и нејзиното машко друштво. Беше тоа личен напад кон Дајана и мажите со кои таа се дружела.
Исто така Францис ја нападнала ќерка сѝ поради нејзините религиозни убедувања“, изјавил батлерот на Дајана Пол Бурел (60). Тој не сакал да откри што сè мајка ѝ на Дајана и говорела на принцезата, затоа што вели дека разговорот бил многу непристоен. Сепак додал дека Францис ја нарекла својата ќерка со зборот ку**а.
Иако бракот меѓу принцот Чарлс и Дајана на почетокот изгледал сосема совршено, многу брзо потоа страста спласнала меѓу нив двајцата. Дајана била опседната со неговата поранешна девојка, сегашната сопруга Камила (71), додека Чарлс ја лажел дека му е само добра пријателка.
Многу се разликувале и по голем број ситници, како што се романите и книгите кои ги читале. Нивното оддалечување само ја зголемила љубомората кај Дајана, а често се случувало и двајцата да збеснат и да бидат агресивни во своите испади.
„Едно попладне околу шест часот ја слушав како плаче и жали за Чарлс. Дајана удираше по мебелот, фрлаше работи низ собата. Беше ужасно, не можеше да сè сопре“, изјавил близок пријател до кралското семејство, кој вели дека Чарлс му се доверил дека сè чувствувал како човек затворен во кафез и дека е желен за слобода.
Чарлс сватил дека погрешил во изборот, дека бил целосно немоќен, очаен и дека ја изгубил самопочитта. Едноставно не гледал излез од целата работа. Бракот му пропаднал, а рамото за плачење му била неговата поранешна девојка Камила со која му проработеле страстите.
Ниту Дајана не била цвеќе за мирисање, објаснува Пакстон. Тој вели дека ѝ таа го изневерила Чарлс, а на крајот двојката се развела во 1996 година. Неколку години подоцна, насловните страни на магазините биле преполни со фотографии од Дајана. Принцезата го пронашла својот човек од сништата Додиј Фајед.
Сепак нивната љубов немала среќен крај. Сакале да побегнат од бројните папараци, кои постојано им биле зад петтите, возачот возел брзо и во еден момент изгубил контрола над своето возило.
Дијана и Фајед прерано ги загубија животите.
„Влегувајќи во собата и гледајќи во одредена точка, си помислив дека сето тоа е само една голема шега. Дека Дајана не е навистина мртва и дека кога тогаш ќе се разбудам од овој грозен сон“, изјавил поранешниот батлер на Дајана.
Текстот Дајана би ја преживеала несреќата ако била врзана со безбедносен појас е превземен од Reporter.mk.