Дали комарците можат да пренесат коронавирус

Многумина теоретичари на заговор се прашуваат дали комарците можат да го пренесат опасниот коронавирус. Многумина стравуваат дека комарците можат да се покажат како кобни за човечкиот живот поради заразата, а стравот станува се поголем како што наближува убавото време.

Повеќето луѓе на социјалните мрежи стравуваат дека комарците можат дополнително да ја прошират заразата со коронавирусот. Од Светската здравствена организација (WHO) излегоа со соопштение и ги негираа ваквите наводи.

Иако коронавирусот (2019-нCoV) најверојатно преминал на човекот преку животните, досега не постојат никакви докази дека комарците се тие кои што исто така можат да го пренесуваат.

„Сè до овој момент нема никаков доказ дека со боцкањето комарците можат да ја пренесат коронавирусот.  Коронавирусот е респираторен вирус кој примарно се шири преку капки кои кои ги распрскува заразената личност, воглавно преку кашлањето и кивањето. Препорака е почесто да се мијат рацете и да се чистата со дезинфекциски средства на база алкохол и да се избегнуваат какви било контакти“, стои на сајтот на Светската здравствена организација (WHO).

 

?

Текстот Дали комарците можат да пренесат коронавирус е превземен од Reporter.mk.