Kако во минатото така и во иднина голем број моќни држави и нации ќе исчезнат од светската карта, велат историчарите и познавачи на политичко, културно и метеоролошките услови во светот.
Оние кои се занимаваат со оваа тематика велат дека во минатото голем број држави исчезнале поради тоа што биле освоени од страна на нивните непријатели.
Низ историјата паѓале бројни царства и држави. Нациите исчезнувале или се трансформирале, а политичките аналитичари велат дека ваквиот процес ќе продолжи и во иднина.
Нациите и државите би можеле да исчезнат поради разни причини, од подигањето на морското ниво, па сè до културните и етнички поделби внатре во самото општество. Некои од нив сметаат дека 10 држави нема да ги преживеат следните 100 години.
1. Холандија
Ефектите од климатските промени предизвикани од глобалното затоплување дејствуваат разорно на тропските острови, но тешко е да се замисли дека тие можат да им нанесат штета на европските држави. Поголем дел од територијата на овие држави се наоѓа или на самото морско ниво или еден метар над него. Поради овој факт, научниците го ставаат под знак прашалник опстанокот на Холандија. Тие веќе со години се борат со растот на нивото на морето. Оваа земја е склона на поплави.
2. Северна Кореја
Оваа земја се наоѓа под диктатура на династијата Ким од 1940-та година. Се чини дека прашање на време е кога незадоволството внатре во самото општество ќе кулминира и ќе експлодира. Имало обиди за неколку воени пучеви, но биле скриени од медиумите. Бројни аналитичари веруваат дека до рушење на системот ќе дојде и поради незадоволството внатре во самиот политички врв. Добра вест за државата секако е фактот што по падот на династијата Ким, Јужна Кореја е подготвена да вложи во поправка на штетата и обединување на нациите.
3. Белгија
Иако оваа држава е дом на обединетите народи, самата Белгија нема да може да биде така обединета за 100 години. Таа е поделена поради конфликти од етничка природа, поделба на Фламанци и Валонци. Бидејќи не делат ист јазик и имаат бројни културолошки разлики, за очекување е Валонците да успеат во своето настојување да создадат некој вид сојуз со Франција или да постигнат сопствена независност. Бројни аналитичари сметаат дека ќе дојде до поделба на земјата.
4. Малдивите
За сите оние кои не веруваат во концептот на глобално затоплување, Малдивите се совршен пример на кој треба да се обрне внимание. Таа нација е лоцирана меѓу Индија и Африка и се соочува со сериозна опасност од потонување. Заканите станале толку големи што поранешниот претседател на државата ја разгледува опцијата за купување земја во Јужна Азија каде што би се преселило целото население ако морското ниво продолжи да се подигнува. Според проекциите, Малдивите е првата земја која ќе исчезне поради глобалното затолување, а тоа би можело да се случи во 2085 година.
5. Обединетото Кралство
Бидејќи се работи за унија на различни држави кои тежнеат кон независност, можно е распадот да се случи и во оваа земја. Шкотска имаше неуспешно движење за независност во 2014 година. Велика Британија минатата година одлучи да излезе од Европската Унија, а таквата постапка не е еднакво одобрена од сите делови на државите. Се верува дека поради тоа некои држави ќе излезат од Обединетото Кралство и како независни ќе се приклучат на ЕУ.
6. Ирак
Ирак е држава која е во воена состојба од 2011 година. Оваа држава е вистински пример за секојдневно распаѓање. По фаќањето и егзекуцијата на Садам Хусеин, кој ја држел земјата во окупација, населението денеска е жестоко поделено. Растот на популарноста на ИСИС привлече внимание и придонесе земјатада продолжи да се уништува од внатре, наместо да се одржува. Ирак е поделен на три групации, Суни, Курдие и Шиити. Неверојатно дека ќе се обединат и се очекува земјата да се распадне на три помали творби.
7. Кирибати
Ова е држава во средиштето на Тихиот Океан. До 1979 година била британска колонија, а сочинета е од три одвоени групи, распрскани низ големиот простор на Тихиот Океан. Се смета дека овој тропски рај наскоро би можел целосно да биде поплавен. Тихиот Океан веќе поплави 2 острова. Ако се продолжи со овој тренд, голем дел од државата би можел да се најде под океанот. Претседателот на државата веќе побарал помош од Нов Зеланд и Фиџи да примат луѓе од Кирибати како постојани бегалци.
8. Шпанија
Кога економската криза ја погоди Шпанија во 2008 година направи толкава штета што земјата ја донесе до раб на распаѓање. Невработеноста изнесувала 24% во 2015 година, а до ден денес истата не е значително подобрена. Постои и длабока поделеност меѓу населението. Регионот на Каталонија, на североистокот на Шпанија, сака да стекне независност. На северот на земјата се наоѓа и Баскискиот Регион со своите терористички ќелии, кои исто така се обидуваат да стекнат сопствена независност. Ако економската криза не се реши, овие региони ќе продолжат да добиваат популарност во борбата за независност, а големи се шансите Шпанија каква што денеска ја познаваме во иднина да биде изменета.
9. САД
Со оглед на историјата, факт е дека американското население е поделено со длабоки културни разлики и политички ставови меѓу северот и југот уште од периодот на Граѓанската војна. Во 2012 година сите 50 држави добиле илјадници писма од свои граѓани кои бараат изземање од унијата. Ако не се случи нешто што ќе ја обедини земјата, само ќе се продлабочат разликите и големи се шансите САД да се преобликуваат во целост. Најверојатно Алјаска и Тексас ќе бидат првите држави што ќе се одвојат.
10. Кина
И покрај тоа што Кина е една од најголемите економии во светот и има голема војска, тоа не значи дека е заштитена од колапс во следните 100 години. Кина има огромен проблем со еколошкото загадување, кое е причина за смртта на 250 000 Кинези секоја година. Предвидувањата на самата кинеска влада откриваат дека оваа земја би можела да остане без слатка вода до 2030 година, а големи се шансите државата во сегашен облик д ане ја доживее 2050 година.
Текстот Десет држави во светот што нема да постојат за 100 години е превземен од Reporter.mk.