Руски експерт за безбедност тврди дека терористичките групи сега го користат интернетот за хакирање со цел да извршат глобални удари. Нивното влијание наскоро би можело да стане еднакво опасно како оружјето за масовно уништување.
Брзиот развој на технологијата им овозможува на терористите да бидат уште поактивни и да го употребат интернетот за регрутирање, привлекување на средства, хакирање и други сајбер злостори“, изјавил секретарот на рускиот Совет за безбедност Јури Коков на настанот за безбедност кој се одржил во градот Уфа во централна Русија.
Јури тврди дека интернетот станал главен механизам за различни екстремисти, за да можат да ги контролираат своите распрскани сили и ресурси. Во моментов на интернет има околу 30.000 екстремистички и терористички веб страници.
„Тоа ни овозможува да заклучиме дека се приближува доба на технолошки и дигитален тероризам. Што се однесува до последиците овој вид на тероризам, во блиска иднина, би можел да биде споредлив и со оружјето за масовно уништување“, изјавил Јури.
Постојат бескрајни обиди терористите да добијат пристап до податоците за изработка на компоненти на нуклеарно, хемиско и биолошко оружје.
Уште една изненадувачка тактика која ја спомнал Јури се терористичките групи кои почнале да вежбаат нуркање. Јури објаснил дека терористите користат нуркачка опрема со цел да постават мини на пристаништата и да ги запленат цивилните пловила и поголемиот дел од нафтените и гасни транспортери.
Текстот Дигиталните терористи се поопасни и од нуклеарна бомба, предупредува руски експерт е превземен од Reporter.mk.