Луѓето опседнати со теории на заговор често се возбудуваат и поради најмали невообичаеност и се подготвени да се фатат за ситници за да ги поткрепат нивните често луди теории.
Така, на „Јутјуб“ може да се види снимка од таинствен црвен знак „Х“ кој се појавува на мапите на „Гугл“.
Како што е објаснето во снимката, знакот се појавува кога корисникот ќе ја вклучи временската поставка на „Гугл Ерт“. Тој знак се наоѓа над Антарктикот.
Кога знакот се зумира, се чини дека покажува кон нешто, а оние кои се занимаваат со теории на заговор веруваат дека некој сакал да предупреди на нешто.
-Дали тоа е грешка или некој во „Гугл“ покажува дека Х означува некое место – се прашуваат авторите на видеото.
Меѓутоа, луѓето во коментарите понудиле неколку логични објаснувања за овој знак.
-Мислам дека тоа е ознака за проблем со софтверот на кој треба да му се посвети внимание или кој е решен. Како коментар во код кој вели „поправете го ова“. Целосно можно и логично – напишал еден корисник, а друг се надоврзал дека тоа се случило и претходно. Други, пак, коментирале дека е можно Х да го означува јужниот пол, а некои решиле и да се пошегуваат.
-Тоа е тајното скривалиште на Елвис – напишал еден корисник. Инаку, Антарктикот е интересен за една група теоретичари на завери – оние кои веруваат дека Земјата е рамна плоча. Пред неколку месеци беше објавена и вест дека оние кои веруваат дека Земјата е рамна дури и планираат крстарење на Антарктикот за да ја докажат нивната теорија. Таа информација се прошири откако истакнатиот рамноземјаш Роби Дејвидсон, кој организира крстарење за неговите истомисленици во 2020 година, рече дека би сакал еден ден да го истражи Антарктикот. Меѓутоа, во меѓувреме тој појасни дека тој пат на Антарктикот нема да се случи за време на крстарењето идната година, кое ќе биде само шанса за дружење и поврзување. Друг рамноземјаш, Џеј Декасби, кој развива реално шоу за таа тема, истакна дека за крајот на дебатата за обликот на Земјата е потребно само да се измери должината на брегот на Антарктикот. Убеден е дека на заоблената Земја брегот би бил помал од 23.300 километри и тврди дека постојат низа докази дека брегот всушност е подолг од околу 96.000 километри.
Текстот Дилема на теоретичарите на заговор: Зошто “Гугл“ стави Х над Антартикот? е превземен од Reporter.mk.