Голем број теоретичари на заговор сметаат дека „Дизни“ го предвидел коронавирусот уште во 2010 година, кога продукциската куќа го направи анимираниот филм Tangled. Станува збор за класика делумно базирана на бајката на браќата Грим – Златокоса.
Во приказната старицата Готел наоѓа цвет кој ѝ помага да се подмлади. Цветот подоцна го земаат војници од кралството кое се вика Корона, за да го искористат за лекување на својата бремена и болна кралица.
Кога се разболела, цветот ѝ го спасил животот, а кралицата родила принцеза со златна коса. Готел сфаќа дека косата на принцезата содржи лековити својства, па ја киднапира и ја затвора во кула како би ја задржала својата младост.
Осумнаесет години подоцна Златокоса бара од Готел, за која е уверена дека и е мајка, да ја пушти надвор во светот. Но Готел не и дозволува да оди во Корона со објаснување дека надвор е преопасно за неа.
Ова сценарио и моменталната пандемија беа доволни за корисниците на социјалните мрежи да развијат бројни теории на заговор. „Филмот на Дизни, Tangled, се работи за девојка која е во изолација во кралството Корона, добро одиграно“.
Текстот „Дизни“ го предвидел коронавирусот во анимираниот цртан за „Златокоса“ е превземен од Reporter.mk.