Докторот Конрад Мареј погрешно обвинет за смртта на Мајкл Џексон

Голем број полемики покрена веста за смртта на кралот на поп-музиката Мајкл Џексон, за која во 2011 година, на двегодишна казна затвор беше осуден неговиот личен доктор Конрад Мареј.

Многумина сметаа дека докторот бил погрешно обвинет, а сега сомнежите се зголемија кога во јавноста излезе нов документарец, во кој детективите задожлени за истрагата за смртта на музичката ѕвезда, велат дека собата во која живеел Џексон, воопшто не наликувала на место на кое некој се лекувал.

Мареј бил осуден на двегодишна казна затвор поради тоа што на Мајкл му давал недозволена комбинација и доза на лекови. Во документарецот тројцата детектии Орландо Мартинез, Ден Мајерс и Скот Смит објаснуваат дека првиот пат кога влегле во собата на Џексон, наишле на хаос.

По подот имало секакви парчиња харии со напишани текстови, а на креветот пронашле компјутер и кукла. Велат дека собата наликувала на сè само не на место каде некој требало да се лекува.

„Имаше голем број забелешки и парчиња хартии залепени насекаде низ собата. Имаше огледала и врата со кратки букви. Целата соба беше во хаос, а некои од натписите изгледаа како стихови за песна. Кога влеговме во собата во која Конрад го лечеше Мајкл, на креветот забележавме компјутер, кукла и фотографии од бебиња како оние од рекламите“, изјавиле детективите.

Тие велат дека во собата ја пронашле и торбата на доктор Мареј во која бил и лекот за кој се смета дека го усмртил Мајкл. Детективите велат дека пронашле тони отпад, игли, празни шишиња, работи за кои велат дека не требале да бидат таму.

Пејачот починал во својот дом на 25 јуни 2009 година.

 

 

Текстот Докторот Конрад Мареј погрешно обвинет за смртта на Мајкл Џексон е превземен од Reporter.mk.