Хитлер имал хомосексуална црта, а младоста ја минал во хостел кој имал репутација по тоа што таму оделе мажи барајќи хомосексуално задоволство, откриваат тајни документи на ЦИА, пишува „Дејли Стар“.
Ваквите документи се спротивни на тоа како јавноста го познава, како лицемерен безобразен диктатор, кој брутално ги прогонувал хомосексуалните лица кога станал лидер на Третиот рајх.
Тајните досиеа на ЦИА за нацистичкиот лидер Адолф Хитлер го откриваат неговиот профил направен во 1942 година, за време на Втората светска војна.
Досието имало ознака за „строго доверливо“, а е направено од Канцеларијата за стратешки услуги, организација која претходела на ЦИА, која пак е основана во 1947 година. Документите се составени речиси година дена откако САД се приклучува во војната.
Во извештаите пишува дека Хитлер бил запознаен со млади жигола за време на својот престој во Виена, пред Првата светска војна. Неговата сексуалност е тема на бројни расправи веќе половина век, а историчарите и биографите се обидуваат да ја откријат мистеријата за нацистичкиот лидер од неговото самоубиство на крајот на Втората светска војна.
Познато е дека имал долга љубовна врска со Ева Браун, а можат да се слушнат и гласини дека имал афера со неговата внуга Гели Раубал.
Лошиот диктатор исто така безобразно ги прогонувал хомосексуалците. Бил одговорен за смртта на 15.000 хомосексуалци кои ги испратил во концетрациони логори. Хитлер во еден момент за хомосексуалците изјавил дека се опасни како чума.
Adolf Hitler was GAY and loved teenage boys, CIA files claim https://t.co/4oGHoq181v pic.twitter.com/LF6XLgRIVJ
— Daily Star (@Daily_Star) October 8, 2018
Госпоѓица Ана
„Информациите кои стигнале до мене, ме наведоа да сметам дека Хитлер е садомазохистички тип на човек кој има можност за хомосексуални тенденции во себе“, се наведува во досието.
Се смета дека како нацистички лидер имал сексуална привлечност кон Рудолф Хес, неговиот заменик кој е фатен во 1941 година. А на Хес надимакот бил „госпоѓица Ана“, поради неговите навики на баловите да доаѓа облечен како жена.
Во документите се наведува дека Хитлер го привлекувале тинејџери и дека немал хомосексуални врски во времето додека престојувал во Виена.
Текстот Документи на ЦИА откриваат дека Хитлер бил геј е превземен од Reporter.mk.