Доналд Трамп уште во 2016 година бил информиран за опасноста од вирусот

Еден од основачите на „Мајкрософт“ милијардерот и филантроп Бил Гејтс, уште во декември 2016 година, го предупредил претседателот на САД, Доналд Трамп, од заканата на пандемијата, пишува „Волстрит журнал“.

Како што наведува списанието, Гејтс за време на еден од состаноците со американскиот претседател, разговорал за опасностите кои ги претставуваат заразните болести и го повикал Трамп да ги одреди приоритетите, како одбрамбен механизам против новите зарази.

„Волстрит журнал“ пишува дека, Гејтс, разговарал и ги советувал и другите кандидати за претседател на изборите во 2016 година. Гејтс во 2015 година зборувал дека вирусите претставуваат најголем ризик за глобална катастрофа, во однос на другите закани, пренесува „Бизнис инсајдер“.

„Ако било што убие повеќе од 10 милиони луѓе во наредните неколку децении, тоа најверојатно ќе биде високо заразниот вирус, а не војната. Не ракетите, туку микробите“, изјавил тогаш Гејтс.

Гејтс предупредил на тоа дека земјата троши огромна количина на пари, на работи за кои се смета дека ќе помогнат да се избегне нуклеарна војна, а малку пари се трошат на системите за спречување на епидемијата.

„Посакувам да направев нешто повеќе и да го свртев вниманието на јавноста и да им објаснев од опасноста која следува“, изјавил Гејтс за „Волстрит Журнал“.

 

Текстот Доналд Трамп уште во 2016 година бил информиран за опасноста од вирусот е превземен од Reporter.mk.