Претседателот на Америка, Доналд Трамп, размислувал за претседателска кандидатура уште во 1986 година, но се откажал затоа што мислел дека е премлад за оваа функција. Тогаш популарниот бизнисмен имал само 41 година.
Тајната полиција од комунистичка Чехословачка направила досие за тогашниот американски милијардер, кој уште во осумдесеттите години од минатиот век бил сигурен дека еден ден ќе стане претседател на САД.
Повод за отворањето на досието била венчавката со неговата прва сопруга, Ивана, која потекнува од Чешка. Неделникот од Прага „Респект“ ги пренесе тврдењата на Владимил Данек, ексшефот на безбедносната служба во Готвалдово, денешен Злин, родниот град на Ивана Трамп.
„Знаевме дека Трамп ќе биде влијателен. Не ја криеше желбата да стане претседател на САД, па сакавме да дознаеме нешто повеќе за него“, прецизира Данек.
Трамп, се наведува во досието, почнал да размислува за претседателската кандидатура уште во 1986 година, но се откажал затоа што мислел дека на 41 година бил премлад за оваа функција.
Сакал неговата кандидатура да биде новост во американската историја. Сакал да се кандидира како независен кандидат. Не бил член на Демократската ниту на Републиканската партија иако сите го сакале во своите редови.
Службата на Чехословачка тогаш проценила дека Трамп бил сигурен во победата, иако изгледало нереално. STB во 1978 година прво го отворила досието на Ивана Зелничкова, како што тогаш се презивала неговата прва сопруга.
Потоа од службата досието го дополниле со информации за неговата сопруга, наведува „Респект“. Текстот го објавиле во соработка со британски „Гардијан“.
Ивана Зеленичкова, поранешна манекенка, која станала деловна жена, во 1977 година се омажила за Трамп, со кого има три деца. Доналд Јуниор, Иванка и Ерика.
Комунистичкиот режим во некогашна Чехословачка пропаднал во 1989 година, во таканаречената кадифена револуција, а STB, кој тесно соработувал со советските служби, е распуштен во 1990 година.
Текстот Доналд Трамп во 1986 година знаел дека ќе стане претседател на САД е превземен од Reporter.mk.