Рускиот астронаут Сергеј Прокопјев, кој ја испитувал мистериозната дупка на руската капсула „Сојуз“, која настанала додека била прикачена на Меѓународната вселенска станица, изјавил дека отворот настанал од внатрешната страна на леталото и дека руските истражувачи во моментов утврдуваат како таа настанала.
Дупката во руското летало „Сојуз“, кое било прикачено на Меѓународната вселенска станица, била забележана на 30 август. Екипажот го забележил протокот на воздух, откако претходно бил утврдено губење на притисокот.
Дупката веднаш била затворена, а Прокопјев на конференција за новинари изјавил дека отворот е направен од внатрешноста на капсулата и дека сега на истражителите е да оценат како таа настанала.
Сергеј соопштил дека истражителите ги испитуваат примероците кои тој и Олег Кононенко ги собрале за време на вселенската прошетка на 12 декември. Прокопјев со уште двајца астронаути, Серена Ауњон Ченслор од НАСА и Александер Герст од Европската вселенска агенција, минале 97 дена на Меѓународната вселенска станица.
„Тоа што астронаутите брзо ја идентификувале и ја поправиле дупката покажува дека екипажот е подготвен за сите можни сценарија“, изјавил Прокопјев.
Дупката не претставува опасност за Прокопјев и останатите двајца астронаути. За време на нивното враќање на Земјата, делот од капсулата каде што се наоѓал отворот е отфрлен, пред влегувањете на леталото во атмосферата на Земјата.
Шефот на руската вселенска агенција „Роскосмос“, Дмитриј Рогозин, не ја отфрлил можноста дека дупката била направена додека капсулата се наоѓала во орбитата. Тој не ги обвинил директно членовите на екипажот на Меѓународната вселенска станица, но неговата изјава предизвикала огромна напнатост меѓу „Роскосмос“ и НАСА.
Рогозин во меѓувреме ја ублажил својата изјава и ги обвинил медиумите дека погрешно го разбрале. Астронаутот Прокопјев ја отфрлил идејата дека дупката веројатно ја направиле астронаутите.
„Не треба да имате толку лошо мислење за нашиот екипаж“, изјавил Рогозин.
Текстот Дупката во вселенската капсула „Сојуз“ ја направил некој од внатре, тврдат Русите е превземен од Reporter.mk.