Околу две третини од Русите веруваат во постоење на светска влада во сенка, а повеќето од нив веруваат дека таа непријателски се однесува кон нивната земја. Ова го покажува неодамнешно истражување на американската агенција за истражување на јавното мислење „VRSIOM“.
Резултатите од истражувањето, агенцијата ги објавила во средата, а истите покажуваат дека 67% од анкетираните Руси веруваат дека постои тајна светска влада.
21% од нив велат дека ја отфрлаат можноста за постоење, додека останатите биле неодлучни.
Само пред две години, околу 45% од нив изјавиле дека веруваат во постоење на глобална влада, додека повеќе од 30% ја отфрлиле ваквата идеја, напоменале истражувачите.
Истражувањето исто така покажало дека поголемиот процент на оние кои веруваат дека таква влада постои, се оние постарите (дури повеќе од 70%), но меѓу луѓето меѓу 18 и 34 години, исто така процентот бил значително голем. Дури 55%.
Околу третина од оние кои веруваат дека постои, рекле дека не можат да дадат никакви докази кои ја поткрепуваат теоријата за светска влада.
Тие кои можеле споменале различни докази. Навеле дека постојат меѓународни организации како Обединетите Нации, но и НАТО.
Околу 74% од оние кои веруваат дека постои светска влада, мислат дека таа има непријателски однос кон Русија, додека само 10 проценти велат дека владата во сенка делува во најдобар интерес на Русија.
На прашањето кои се членовите на светската влада, 23% изјавиле дека тие биле началници и сопственици на големи банкарски групи и други олигарси.
Осум проценти изјавиле дека се работи за високи американски политичари, а шест проценти споменуваат политички лидери и други народи. Само два проценти од испитаниците сметаат дека Владимир Путин е член на владата во сенка, а дури помалку од еден процент сметаат дека американскиот претседател Доналд Трамп го завземал местото во глобалната влада.
Уште една анкета која е спроведена од страна на „VTSIOM“ во април, покажала дека 49% од Русите сметаат дека нивната земја е голема светска сила, што претставува пад од пред година дена.
Но, околу третина од испитаниците изјавиле дека очекуваат Русија да стане водечка нација во иднинте 10 до 15 години.
На прашањето која е причината поради која нивната земја е почитувана, 26% од нив изјавиле дека тоа е поради војската, 22% изјавиле дека е поради силниот дух и вољата на рускиот народ, а 17% го припишуваат тоа на успехот на добриот и моќен претседател Владимир Путин.